Стил / (Wo) man
Се уште сум во врска со Роналдо

Нереида Гањардо ги демантираше медиумските написи дека нејзината врска со Кристијано Роналдо е завршена.
„Се уште сме заедно. Ми рече дека ме сака и јас му го реков истото. Не знам од каде ви е таа приказна. Баш како и секогаш и денеска се слушнавме телефонски. Тој ме сака и јас го сакам него“, изјави Нереида, која во моментов се наоѓа дома на Мајорка.

И покрај нејзините тврдења и фотографиите на која таа се уште го носи дијамантскиот прстен кој и го поклони Роналдо, медиумите продолжуваат да известуваат дека двојката раскинала бидејќи 23-годишниот фудбалер се вознемири поради написите за „врската“ со Серхио Рамос за која не знаел се додека информацијата не стигнала до медиумите. Роналдо наводно ја оставил минатата недела, непосредно пред операцијата на десниот глужд.
„Не знаеше за некои детали од претходните врски на Нереида се додека не излегоа на виделина. Роналдо не беше баш среќен поради тоа. А и помалку му здодеа врската. Минаа пет месеци, а тој е младо момче. Почувствува деке е вистинско време да раскине“, изјави близок пријател на португалскиот репрезентативец.

Врз врската лошо се одразија и тврдењата на менаџерот Педро Кампана дека и тој „уживал“ со Нереида, како и информациите дека Долорес, мајката на Роналдо не ја сакала неговата шпанската манекенка. Наводно Долорес не сакала нејзиниот син да заврши со жена која постојано се слика топлес или која со пријателките глуми лезбејка.

Сепак, веста за раскинувањето беше своевиден шок за јавноста бидејќи парот неодамна уживаше во идиличниот одмор на Сардинија.
|