среда, 16.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Стил / (Wo) man

Искушенијата и врските

Искушенијата се насекаде, но начинот на кој мажите и жените реагираат на флертувањето, ги одредува последиците врз нивната врска. Во новото истражување, психолозите детерминираа дека мажите гледаат на нивните партнерки понегативно, откако ќе сретнат слободни и атрактивни жени. Од друга страна, жените се повеќе склони да работат на продлабочување на нивната моментална врска, откако ќе запознаат згоден и привлечен маж.

Мажите флертувањето не го сметаат како закана за врската, додека жените сметаат дека тоа би ги променило односите со партнерот. "Мажите можат да научат да одолеат на искушението, ако се поттикнат да мислат дека флертувањето со атрактивна жена може да значи крај за неговата врска," вели авторот на истражувањето Др. Џон Лидон, професор на МекГил Универзитетот во Монтреал.

Истражувачите направија неколку експерименти врз 724 хетеросексуални мажи и жени, за да видат како тие кои се во сериозна врска реагираат кога атрактивна личност ќе ги стави во искушение.

Во еден од експериментите, 70 од машките испитаници, беа запознати со привлечна жена без претходно да им се каже за што се однесува експериментот. На дел од овие мажи им била претставена девојка без обрски која флертувала со нив, а на другите девојка која била во врска и ги игнорирала.

Веднаш после ова, им било дадено да пополнат прашалници каде требало да одговорат како ќе реагираат доколку нивната партнерка направила нешто за да ги изиритира, како на пример лажење за причината поради која го откажува состанокот или пак открива некои непријатни податоци за него. Од оние мажи кои запознале слободни жени, 12% биле помалку спремни  да простат нешто такво. За разлика од нив, 17,5% од жените кои биле ставени во иста ситуација, изјавиле дека би го простиле лошото однесување на партнерот.

Едно толкување на овие истражувања беше дека мажите не знаат како да се заштитат од искушенијата. Меѓутоа Др.Лидон не се согласува со ова и вели: "Сметаме дека доколку мажот види дека постои закана за неговата врска ако сретне привлечна жена, тој ќе се ангажира повеќе за зачувувањето на врската." Тој смета дека, ако мажот се програмира дека не смее да ја загрози врската кога би се нашол пред убава жена, ќе знае како да се дистанцира од искушението.

Лидон вели дека на жените не им е потребно да имаат претходна психичка подготовка за да можат да се контролираат пред згоден маж. Жените за разлика од нив, се свесни за тоа каква врска може да понуди атрактивен маж, и затоа сакаат стабилност во врската. Овие истражувања покажуваат дека и покрај тоа што мажот е во врска, тој треба да научи како да ги избегнува можните искушенија. Сепак не може со сигурност да се тврди колку ова би било успешно, бидејќи се зависи од тоа колку мажот индивидуално е свесен за последиците од неговото флертување. (T.J)


Наjновo од Стил
Искушенијата и врските
Се уште сум во врска со Роналдо
Сака дете за да си ја врати славата
Голи мисионери на календар
Се ожени напаѓачот на Челзи Михаел Балак
Veyron Targa пристигнува летово
Секс гел за жени
Топуците ризични за нозете
Роналдо и раскина на Нереида
Шопинг = секс
Мис Венецуела победничка на Мис Универзум
Каков маж да изберете?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи