недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Избегнете ги непростливите модни грешки

На работното место облечете се пристојно, а овие „погрешни“ комбинации оставете ги за вечерните излегувања, тренинзи, плажа или за во спалната соба.

Знаеме дека воопшто не е лесно да се облечеш пристојно на плус 40 степени. Жештината просто не мами да ги симнеме одвишните крпчиња од себе, па дури и на работното место. Сепак, бидет пристојни и избегнете ги овие непростливи модни грешки.

1.Гради без градник

Градите кои слободно скокаат наоколу не се знак за еманципација и оставаат лош впечаток. Без разлика што мислите дека вашите набрекнати брадавици изгледаат секси, сепак облечете градник! Деколтето е особено секси, но не е добро да оставите впечаток дека градите во секој момент ќе ви излезат од „амбалажата“!

2. Проѕирни бели панталони

Лошото кај белите летни панталони е тоа што откриваат дека, на пример сакате танга или долна облека од тантела! Најдобро е да носите гаќички со месо боја.

3. Чорапи на сандали

Сандалите или отворените чевли најубаво се носат на боса нога, иако сега е тренд со нив да облечете и доколенки. Сепак, таквите лудории сепак препуштете им ги на модните експерти!

4. Фармерки со низок струк


В ред, ОК е да се види тангата како излегува над појасот на панталоните, но да се гледаат секој пат кога во канцеларија ќе седнете или ќе се наведнете малку е невкусно. Изберете панталони од кои гаќичките нема безобразно да ви ѕиркаат!

5. Претесна маица

Колку потопло, толку потесни и пократки маици? Погрешно, и од стручен и од моден поглед. Кожата се лади и полесно дише ако маиците се пошироки, а и салцето околу струкот помалку се гледа!

6. Мини здолниште


В ред, малку пократкото здолниште може да помине и на работа, особено ако знаете да го носите одмерено и ако имате убави нозе, но микро мини здолништето оставете го за во дискотека или за на плажа.


Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Различна нега за различни типови коса
Како се снаоѓаат жените во економската криза
Разводот убива
Нагли промени на типот на кожата
007 е вонвременска икона на стилот
Славните раскинуваат по СМС
Издепилирајте си го пубисот и не гризете
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи