Левата нога ми е поевтина од десната
Германскиот супермодел Хајди Клум открива дека нејзините нозе имаат различна вредност на пазарот.

Познатата манекенка, која по појавувањето во рекламата за депилаторот на компанијата „Braun“ ги осигура своите прекрасни нозе на 2,2 милиони долари, соопшти дека осигурителната компанија дала различна проценка за нејзината лева и десна нога.
Имено причината за ваквата одлука на лондонската осигурителна компанија е малата лузна на левата нога, во случај на повреда на нозете може да добие различен износ, во зависност од тоа за која нога станува збор.
„Видете, под левото колено имам мала лузна која експертите во Лондон ја воочија за време на прегледот, поради што различно ми ги проценија нозете. Мојата десна нога вреди 1,2 милиони долари, додека левата само еден милион“, изјави Клум.
Осигурувањето на делови од телото не е нешто ново во светот на познатите. Прва ваквиот подвиг го направи познатата манекенка и актерка Рејчел Хантер, која своите нозе во деведесетите години на минатиот век ги осигура на милион долари.
Неколку години подоцна своите нозе ги осигураа и Мајара Кери, Тина Тарнер и актерката Џејми Ли Кертис.
(Д.Т)
|