
|
 |
Стил / (Wo) man
Трамп го продаде имотот на Палм Бич за 100 милиони долари
Иако пазарот за недвижности се соочува со нагло опаѓање, тоа не важи и за Доналд Трамп кој ја продаде својата резиденција во Палм Бич, на рускиот милијардер Димитри Риболовлев за 100 милиони долари.
 Портпаролот на Трамп вели дека и покрај тоа што бараната цена била за околу 30 милиони долари повисока, ова е највисоката сума што некогаш била платена за недвижен имот и дека Трамп е задоволен од продажбата.
 Трамп овој имот од 60.000 квадратни метри го купи во 2004 година за 41 милион долари. Тој ја задолжи Кендра Тод, победничка на неговото реално шоу "The Apprentice", да се погрижи за реновирање на палатата која го уреди целиот инвентар со мермер и 24-ри каратно злато дури и во бањите.

Оваа резиденција наречена Maison de L'Amitie се состои од неколку згради, каде има многу луксузно уредени соби, огромна фонтана и прекрасна плажа која излегува на океан.
(T.J)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|