недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Десет Латино дестинации за одмор

Зза оние кои уживаат постојано да посетуваат интересни и егзотични туристички дестинации, еве неколку места во Латинска Америка кои вреди да се видат.

Петен Регионот, Гватемала

Нуди можност да ги разгледате рушевините на Маите во Тикал, Петен, да се освежите во езерото Итза или пак да одите на тура во пештерата Ак'тун Кан.

Салар де Ујуни, Боливјиа

 

 

Една од најголемите солени рамнини во светот со најубав пејсаж е лоцирана во Боливјиа. Салар де Ујуни се протега на 12.000 квадратни километри и има дел во центарот од 10 метри кој дава ефект на солена тундра. Во влажниот период, рамнината е покриена со тенок слој на вода, кој доколку возите по него ви дава чувство како да одите по Месечината.

 

Бокас дел Торо, Панама

 

 

Бокас дел Торо, е мал архипелаг кој е тешко пристапен и е склоп на африканска култура која со векови се одржувала. Таму тешко можете да слушнете Шпански јазик, бидејќи највеќе се зборува на Англиски и Креолски. Посетете ја Red Frog плажата која е совршено место за одмор.

 

Халиско, Мексико

 

 

Ако барате совршена клима, ќе ја најдете во Калиско. Многумина ги посетуваат плажите на Пуерто Ваљарта, или потивките плажи како Бара де Навидад, Ла Мансаниља или Сан Патрисио. Халиско нуди добра храна, музика и посета на музеите кои нудат податоци за историјата на Мексико.

 

Рио де Женеиро, Бразил

Окако Французите го открија во 16-ти век, Рио стана препознатливо место за тропска клима, жешки ноќи, весела музика и преубави жени. Почнувајќи од Карневалот, па се до егзотижните плажи Ипанема и Копакабана, Рио ви ги нуди сите услови за одлично поминат одмор.

Торес де Паине, Чиле

 

 

Торес де Паине е национален парк во Чиле. Ова место импресионира и ви остава впечаток како да сте на крајот на светот или во некој научнофантастичен филм. Овој парк има многубројни леднички езера и масивни и стрмни планини покриени со снег, кои ви даваат посебно чудно чувство.

 

Буенос Аирес, Аргентина

 

 

Како главен град на Аргентина, Буенос Аирес за многу луѓе е познат по одличната музика особено тангото, ноќниот живот, виното, одличните ресторани и многубројните култури соединети во едно место, дефинитивно место кое вреди да се види.

Галапагос, Еквадор

 

Кога ќе го видите Галапагос архипелагот, ќе ви стане јасно зошто Дарвин го избрал токму ова место за неговите научни теории. На овој синџир од 19 острови има гигантски желки, морски лавови, пингвини, албатроси и безброј видови животни кои ги нема на ниедно место во светот.

Национален парк Јау во Бразил

 

 

Амазонија е едно од најголемите места во светот со каде се среќаваат илијадници различни видови на делфини, риби, птици, крокодили, желки, мајмуни, јагуари, тигри и инсекти. Овој национален парк е под заштита на УНЕСКО поради постепеното изумирање на животинскиот и растителниот свет.

 

Мачу Пичу, Перу

 

 

Империјата на Инките се наоѓа на непристапните планини во Перу. Неверојатно е како луѓето на оваа цивилизација, успеале да изградат цели камени градови без да употребат цемент и да направат мрежа на патишта, кои и до ден денес се користат. Најпознат од нив е Патот на Инките. Најмете водич за да ве однесе низ планините на Мачу Пичу, посетете ги Кузко и Сончевата Порта.

 

(T.J)




Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Различна нега за различни типови коса
Како се снаоѓаат жените во економската криза
Разводот убива
Нагли промени на типот на кожата
007 е вонвременска икона на стилот
Славните раскинуваат по СМС
Издепилирајте си го пубисот и не гризете
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи