
|
 |
Стил / (Wo) man
Зависна од пластични операции
Триесет и едногодишната американска Џени Ле, цел живот сонува за совршена фигура и после 30-те неверојатни пластични операции конечно смета дека ја постигнала целта.
 Досега неколку пати ставала ботокс, има инпланти во образите, го намалила носот, во устата има уште три инпланти, двапати ги зголемувала градите, трипати ја затегнувала кожата околу градите, направила липосукција на рацете, колковите, бедрата, стомакот и колената.
Првата операција ја направила кога имала 25 години, а последната неодамна, откако одлучила со огромниот дијамант кој и го поклонил нејзиниот сопруг да го замени рачниот зглоб.
Нејзиниот прв сопруг постојано и велел дека има преголем нос, а премали гради, па така Џени започнала со своите бројни операции.
 „По разводот со мојот сега веќе поранешен сопруг станав опседната со операциите“, вели Џени.
Русокосата американка вели дека нејзиното мото е „позлатена душа, позлатен костур, односно раскош во главата, раскош во телото“.
„Доколку лекарите ми дозволат ќе го сменам целиот свој костур со дијаманти“, изјави Џени.
По се изгледа, познатата американка не е многу запознаена со фактот дека дијамантот е многу потврд материјал од коските, па така постои голема веројатност дијамантот кој го заменил нејзиниот зглоб да и ја повреди коската на раката и да го уништи ткивото во тој дел на телото.
„Не знам дали некогаш ќе престанам со пластичните операции. Би сакал да кажам да, но ако сум навистина реална, би рекла не. Како што се развива технологијата, така ќе се менуваат и некои од начините на оперирање, па така тие ќе станат помалку болни и поефикасни. Се уште не сум задоволна со сите делови на моето тело, што значи дека ќе мора да ги поправам“, изјавила Џени Ли, која на првата пластична операција побарала нос каков што има Мајкл Џексон, вилица како Џенифер Анистон, профил како Џенифер Лопез и уста како Анџелина Џоли.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|