
|
 |
Стил / (Wo) man
Природно до чоколаден тен
Какао путерот е совршено средство кое ќе ви помогне вашето тело да го претворите во чоколада, која сите ќе посакаат да го грицнат.
 Една од главните состојки на чоколадото, какао путерот, покрај тоа што има прекрасен мирис особено е ефикасен за постигнување на атрактивен исончан тен. Кога ќе кажеме какао путер, уште од самото име можете да заклучите дека станува збор за нешто што е неверојатно слично на класичниот путер, со таа разлика што овој има многу поубав мирис, нешто поинтензивна жолта боја и е во поцврста состојба од млечниот путер.
Внимателно со како путерот – особено ако немате заштитен фактор
Какао путерот на загреаната кожа може да се нанесе и во прав, бидејќи се топи на температура од 34-35 Целзиусови степени. Но можете и сами да си направите масло. Потопете го во вода и во неа додајте бадемово масло. Потоа маслото ставете го во пластичен сад или во шишенце и од време на време промешајте го.
Сепак треба да се знае дека какао путерот нема заштитен фактор, односно, според некои истражувања може да се спореди со заштитниот фактор 2. Експертите препорачуваат на особено осетливата кожа, како подлога за какао путерот да се користи заштитен фактор + 50, додека оние со потемен тен можат за подлога да го користат факторот + 15. Предноста на користењето на какао путерот, кој може да се најде во аптеките, е тоа што со него кожата побргу потемнува, бојата станува поинтензивна и потрајна.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|