Стил / (Wo) man
Лек за срамежливоста
Хормонот познат под името окситоцин, кој природно се создава за контрола на контракциите при пораѓање, се смета дека има клучна улога за некои човечки особини како што е желбата за остварување контакт со другите луѓе и социјализација. Овој хормон предизвикува кај луѓето да се зголеми довербата за останатите од околината, да добијат желба да најдат некој и да се заљубат.
 Според некои клинички испитувања, излачувањето на окситоцин настанува при оргазам, при доење, контакт со домашно милениче или јадење во друштво. Со овој хормон се намалува анксиозноста, расте великодушноста кај поединците и дури помага при надминување на срамежливоста. Истражувачите откриле дека малото количество на овој хормон во организмот, може да предизвика некои дисфункционалности како депресија и аутизам.

Некои студии на научниците врз здрави волонтери, на кои им било дадено да вдишат окситоцин, покажале дека кај испитаниците се намалила, загриженоста, стресот и стравот и направил да се чувствуваат поотпуштено.

Иако окситоцинот можеби звучи како некој лек со волшебни ефетки, сепак не е конечно решение за сите овие симптоми на асоцијалност. Научниците велат дека во нервниот систем постојат уште многу хормони кои се уште треба да се откриваат, и кои можеби се од иста важност како окситоцинот.
(Т.Ј)
|