
|
 |
Стил / (Wo) man
Двојките кои се расправаат живеат подолго
Раправиите се неизбежен дел од бракот, меѓутоа многу е важно како двојките комуницираат и ги решаваат проблемите. Доколку сега посетите доктор, тој сигурно ќе ви каже дека една добра кавга, ќе ви го продолжи животот.
Според првичните резултати од едно истражување за венчани двојки, се покажало дека партнерите од оние двојки кои го задржуваат гневот и лутината, порано умираат за разлика од оние кои се поекспресивни и слободно ги дискутираат проблемите.
 "Кога двајцата партнери се заедно, една од главните работи е справување со конфликтите," вели професорот Ернест Харгург. "Обично никој не е обучен за ова. Ако имаат добри родители, можат да го имитираат нивното однесување, но најчесто на двојките не им е познат начинот како да ги решат недоразбирањата и проблемите."
Конфликтот настанува кога партнерите не дискутираат, ја чуваат лутината во себе, го придушуваат бесот и ја префрлаат вината на партнерот, наместо да се обидат да најдат решение за проблемот.
 Резултатите од претходните истражувања, докажаа дека исфрлањето на бесот и лутината е здраво за организмот. Една студија вели дека кога луѓето се лути и изнервирани, кај нив се зголемува способноста да донесат подобри одлуки. Тоа се должи на фактот што овие емоции предизвикуваат мозокот да ги игнорира небитните факти и да се фокусира на оптималноста на ситуацијата.
Придушениот бес доведува до појава на стрес, со што се намалува животниот век. Професорот Харгур и неговите колеги набљудувале 192 венчани двојки на возраст од 35-69 години, во период од 17 години, со цел да ја објаснат смртноста кај партнерите кои биле затворени и не искажувале чувства.
 Во ова истражување, авторите комбинираа неколку групи на двојки кои ги поделиле во четири типа: двојки каде двајцата партнери не ја искажувале лутината, двојки каде жената била поекспресивна, и обратно каде мажот бил оној кој дискутирал за конкретната ситуација и двојки каде и двајцата партнери биле склони кон дискусии.
Резултатите покажале дека 26 од испитаните двојки што значи 52 индивидуи, не ги дискутирале брачните проблеми. Од нив 25% умреле за време на испитувањето, за разлика од останатите парови каде смртноста била само 12%.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|