понеделник, 06.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Дебелите жени ја губат работата

Дебели жени заработуваат помалку и се изложени на поголем ризик да ја загубат работата отколку нивните послаби колешки. Што се однесува пак до мажите, дискриминацијата поради прекумерната тежина има далеку помал обем, покажува една студија напревена во Финска.

Со истражувањето биле опфатени податоци за околу 4000 фински мажи и жени на возраст меѓу 25 и 54 години, меѓу кои мнозинството биле изненадени од резултатите, пишува денеска шведскиот дневен весник ”Свенска дагбладет”.

Се покажало дека дебелите жени заработуваат во просек 200 евра помалку од нивните колешки со нормална тежина, а што значи дека станува збор за пониски плати од околу 10 проценти. Освен тоа, како што се наведува, жените со вишок килограми се изложени на двојно поголем ризик да ја загубат работата, јави дописникот на МИА.

– Една од причините за ваков вид дискриминација е одржување на митот дека дебелите луѓе се помалку ефикасни од оние со нормална тежина. Едно друго објаснување би можело да биде дека лицата со прекумерна тежина имаат послаба самодоверба отколку послабите и со тоа не бараат работни места со подобри квалификации и повисоки плати, изјави Пека Ресенен, доцент по социологија и раководител на истражувањето.

Во рамките на студијата не се земени предвид фактори поврзани со социјалното потекло, возраста и образовното ниво.

– Тоа што е решавачко е телесната тежина, вели Пека Ресенен.

Сепак, според резултатите од студијата, прекумерната тежина меѓу финските мажи воопшто не е причина за дискриминација во ист обем како и меѓу жените, при што исто така се наведува дека дебелите мажи заработуваат „само“ 50 евра помалку месечно од нивните „слаби“ колеги.


Наjновo од Стил
Убавината и екстрeмната козметика
Етерични масла против стрес!
Lamborghini Estoque
Излечете ги испуканите усни
Претставен Audi A1 Sportback
Златна статуа на Кејт Мос од 50 кg. видео
Пет фази на закрепнување после раскинување
До совршен изглед во долна облека
Парфем против стареење? Да, и тоа постои!
Наоми Кембел ја менува верата
Бев во врска со К. Роналдо исклучиво поради секс
Стереењето е болест и може да се излечи!
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи