
|
 |
Стил / (Wo) man
Внимавајте на однесувањето, бидете пољубезни
Нешто што е заедничко за сите луѓе, без разлика дали едвај успеваат да заработат за храна или пак раководат со огромни корпорации и живеат луксузно, е начинот на кој се однесуваат спрема себе и другите.
Колку често се среќавате со луѓе како таксисти, продавачи, пациенти во чекална или службеници на шалтери кои се љубезни и услужливи спрема вас? Доколку се насмевнете и учтиво поздравите, тогаш ќе бидете позадоволни и ќе се чувствувате подобро. Меѓутоа за жал, не толку често се забележува добрина и разбирање кај луѓето, туку се повеќе доминираат чувствата на лутина, завист, омраза и љубомора.
Станувањето свесни за однесувањето кон себе е показател за тоа како се однесувате со другите.
 Очигледно е дека човечкиот род се базира на две екстремности во однесувањето. Многумина од нас се или премногу себични и се преценуваат себеси или пак се премногу дарежливи што ги доведува до состојба на потценување. Во двата случаи, се губи чувството на воспоставување еднаков однос спрема себе и останатите.
Забележете како се однесувате и како понекогаш си зборувате сами на себе. Дали се карате и прекорувате, на начин на кој не зборувате со вашите пријатели или околината? Дали сте самокритични? Дали правите повеќе за сите околу вас, отколку за вас и сепак се чувствувате незадоволни и потиштени. Во таков случај посветете си повеќе внимание и нега и делете си комплименти.
 Потребно е време за да станеме свесни за однесувањето кон нас и околината, но тоа постепено доаѓа со запознавањето на своите мисли и оние кои ги имаме за другите.
Голем дел од времето забораваме дека ова е важен дел за односот кон себе и оној кој го имаме со околината, и е многу побитен отколку работата што ја работиме. Во текот на денот постојано брзаме да ги завршиме обврските така што игнорираме се останато, почнувајќи од семејството, пријателите или колегите на работа.
Доколку забележите дека не се однесувате најкоректно со останатите, променете нешто во себе и станете пољубезни и фини, ништо не губите со доброто однесување. Научете да посветите повеќе внимание на комуникацијата во текот на денот, на тој начин ќе си помогнете себе си со тоа што ќе се чувствувате поисполнети. (Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|