
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Митови за убавината
Дали вашата коса ќе стане појака доколку повеќепати ја потстрижувате, дали нозете ќе ви станат повлакнести доколку ги бричите? Сигурно ве интересира што е вистина, а што е лага
Мит 1 – Трепките се кршат доколку пречесто користите маскара или доколку ја нанесувате во преголеми количини.
 За среќа, ова е мит, бидејќи модерните маскари содржат протеини кои ги негуваат и штитат осетливите трепки. Трепките се кршат доколку повеќепати навечер заборавате да ја симнете шминката. Значи, продолжете и понатаму да заведувате со долгите црни трепки, но не заборавајте пред спиење да ја извадите шминката.
Мит 2: Доколку почесто се потстрижувате, косата ќе ви се згусне
За жал не е вистина. Дури и секој ден да се потстрижувате, косата нема да ви се згусне. За жал не можете да влијаете врз растот на косата, тој зависи од коренот, а потстрижувањето на влијае врз коренот. Со редовно потстрижување можете само да го спречите пукањето на влакното на косата. Косата која не е испукана изгледа поубаво и побујно.
Мит 3: Само жените со прекумерна тежина имаат целулит
 Оние кои веруваат во тоа, нека се подготват за шок, бидејќи тоа е само мит. За настанувањето на целулитот не е виновна прекумерната тежина и лабавото поткожно ткиво, кое може да биде и наследно. Целулитот е производ на начинот на живеење, а во повеќето случаи е последица на нездравата исхрана и недоволното движење. Некои луѓе имаат генетски предиспозиции за насобирање на масни наслаги. Важно е да знаете дека само со активно слабеење нема да се ослободите од целулитот, туку само ќе го намалите обемот на масното ткиво. Со текот на годините поткожното ткиво кај жените станува се помалку цврсто. За цврстината на ткивото помага активното спортување.
Мит 4: Нема потреба да ставате заштитна крема за сончање на лицето, бидејќи мејкапот има доволна УВ заштита
Тоа е лага. И покрај тоа што некои течни пудри содржат заштитен УВ фактор, тој е пренизок за да ве заштити од силното летно сонце. Лицето секогаш треба да го заштитите со висок УВ фактор
Мит 5: Бањањето и предолгото киснење во вода ја суши кожата
За среќа тоа е само мит, се додека температурата на водата не е повисока од 38 степени и доколку киснењето не е подолго од 20 минути. После бањање немојте да ја триете кожата со груб пешкир, туку само лежерно поминете низ неа, а потоа намачкајте ја со крема за тело.
Мит 6: Со бричење влакната стануваат појаки и погусти
 И ова е мит за убавината. Избричените влакна изгледаат подебело само затоа што се пресечени со жилет на подебелиот дел од влакното. Кога влакното ќе почне да расте, прво се појавува тој подебел дел, поради што влакното изгледа појако. Нозете нема да ви бидат повлакнести доколку ги бричите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|