
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Дали да излезете со бившите на вашите пријатели?
Колку пати ви се има случено да ви се допаѓа момчето на вашата другарка или пак девојката на другарот? Доколку дојде до ситуација тие да прекинат, дали е правилно да остварите контакт доколку постои взаемна привлечност? И покрај фактот што раскинувањето било затоа што двете страни така сакале, треба ли да прашате за дозвола од вашиот пријател и колку сето тоа ќе биде во ред?
 Велат дека во љубов и војна се е дозволено, но колку е пријатно да излегувате со бившите на вашите пријатели. Пред да преземете било каков чекор, најпрво разговарајте со пријателката и видете какво мислење има во врска со таа ситуација.
Без оглед на тоа пред колку време излегувале и колкав бил интензитетот на чувства меѓу нив кога прекинале, не е пријатно сознанието дека пред некое време тие двајца биле во врска и имале односи. Тоа е како еден вид копија на претходната врска, затоа што пријателите имаат слични размислувања и ставови во животот и затоа ги привлекуваат нивните партнерите.
 Од тие причини поголема е веројатност дека ќе ви се допадне момчето или девојката на пријателот, отколку да се загледате во некоја непозната личност. Исто така со тоа што веќе ја познавате интимата на вашите пријатели во нивните врски, тоа може да делува уште попривлечно за вас.
Некои истражувања (претежно на студенти, кои се повеќе склони кон менување партнери), покажале дека приближно еден од пет мажи и 29% од жените флертувале со партнерот на пријателот односно пријателката. Во оваа студија спроведена во Универзитетот во Тексас, 48 мажи и 69 жени биле запрашани да ги рангираат позитивните и негативните страни на нивните колеги и пријатели. Од десет негативности, на прво место за жал била суровоста, додека на петто место преземањето на момчето или девојката.
Во друго истражување на 406 студент, 67% од нив изјавиле дека биле жртви на т.н "меѓуполово ривалство" од страна на пријателите.

Сепак, од почит, прашајте ја вашата пријателка дали ќе и пречи врската со нејзиниот бивш, но секогаш имајте на ум дека одговорот "Нема никаков проблем" и "Не ми смета", всушност не се одобрување што значи дека не им е сеедно. Очекувајте дека во иднина вашето пријателство ќе се влоши, што може да доведе до целосно губење на комуникацијата и контактите.
Запрашајте се колку навистина сте сигурни дека вреди да пробате врска со нејзиниот поранешен партнер. Ако сметате дека тоа е правата врска за вас која сте ја чекале цел живот, тогаш вреди да пробате да го ризикувате пријателството.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|