среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Нов тренд во Кина, аеробик на шипка

Една од најновите и најконтроверзните фитнес активности во Кина, е играњето на шипка. Многу жени се заинтересирани за овој вид на физичка активност и бројот на оние кои се запишуваат на овие часови, секојдневно се зголемува.

На повеќето од нив им е досаден обичниот аеробик, и со помош на играњето на шипка се чувствуваат секси и истовремено ја подобруваат својата физичка кондиција.

Иако играњето на шипка потсетува на стриптизетите од САД, за многу кратко време го проби својот пат и во традиционалното кинеско општество Бројот на сали за вежбање и школи за танцување кои нудат вакви часови, постојано расте.

Луо Лан е инструктор по аеробик, која прва го примени овој вид на вежбање во Кина. Таа првпат видела танц на шипка за време на нејзиниот одмор во Париз. Од тука ја добила идејата да го следи примерот на Америка и да воведе часови за аеробик на шипка во Кина.

Нејзината цел била овој еротски танц да го направи интересен и привлечен за секоја жена, каде ќе имаат можност до одреден степен да ја искажат својата сексуалност и да се чувствуваат послободно.

Луо Лан  била свесна за предизвикот кое кинеското општество го носи само по себе со своите традиционални вредности, и им наложуваат на жените да бидат лојални, верни и скромно облечени.

"Луѓето во Кина немаат видено играње на шипка, па така овој вид на вежбање, нема да го поврзат со стриптиз и лоша репутација. Знаев дека ако им го претставам како нешто забавно, каде истовремено вежбаат и ја подобруваат физичката кондиција, тие ќе го обожаваат".

Иако добиле многу критики, па дури и телефонски закани дека со тоа се предизвикува недолично однесување кај младите, Луо вели дека со ова се создава една нова ера, каде доминираат млади жени чии животни погледи се разликуваат од оние на нивните родители.

(Т.Ј)




Наjновo од Стил
Стриптизета за роденденот на Хари
На каков хумор „паѓаат“ жените
Карлични вежби за подобар секс
Како секогаш да бидете во топ форма
Се враќа Opel Calibra
Нов тренд во Кина, аеробик на шипка
Не сум руска курва
Дали да излезете со бившите на вашите пријатели?
Развод тежок 13 милиони евра
Внимавајте на однесувањето, бидете пољубезни
Двојките кои се расправаат живеат подолго
Митови за убавината
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи