Стил / (Wo) man
Не сум руска курва

Руската келнерка Екатерина Иванова, поради која Рони Вуд ја остави својата сопруга Џо, е револтирана од начинот на кој медиумите ја портретирале.
Шеесет и едногодишниот тапанар на Rolling Stones, Рони Вуд ја напушти својата долгогодишна сопруга за 40-ина години помладата Екатерина.
Младата келнерка, со руско потекло е видно вознемирена поради медиумските приказни дека работела како придружничка.
„Не сум руска курва. Ме нарекуваат руска курва, но доколку бев тоа, ќе бев со некој богат бизнисмен, а не со Рони. Никогаш не сум била курва, ниту пак сум работела како придружничка. Се сакаме со Рони“, изјави Екатерина Иванова.
Познатиот рокер, по обелоденувањето на приказната, замина во центар за рехабилитација за да се справи со зависноста од алкохол.
(Д.Т)
|