понеделник, 06.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Како секогаш да бидете во топ форма

Постојано сте загрижени за вашата тежина, пиете секакви апчиња за слабеење и одите со километри, но сепак не успевате да го постигнете идеалниот изглед на вашето тело. Во тој случај, повеќе нема потреба за што да се вознемирувате. Научниците ја открија магичната формула, која несомнено ќе ви помогне не само да изгубите дел од тежината, туку и да успеете да ја одржите истата со текот на годините.

Според научниците од Универзитетот во Питсбург, доволно е да вежбате пет дена во неделата по 55 минути дневно, во комбинација со здрава исхрана за да бидете во топ форма. Овој режим треба да се практикува две години за да се добијат саканите резултати.

До сега беа препорачувани по 30 минутни вежби во текот на денот за да се одржи телесната тежина, но се покажа дека времето на вежбање треба двапати да се зголеми.

Ова се покажало со една студија спроведена на 200 жени. На нив им бил даден посебен режим на исхрана каде требало да земаат од 1200 до 1500 калории во текот на денот. Исто така тие морале да вежбаат умерени или енергични вежби кои им помагале во согорувањето на калориите.

После шест месеци сите од нив изгубиле 8-10% од килограмите и стекнале идеален индекс за телесната тежина меѓу 20 и 25.

Но потоа се појавил проблемот за одржувањето на постигнатата тежина. После две години кај нив се забележало дека една од пет жени кои продолжиле со вежбање успеале да ја задржат истата тежина, додека останатите повратиле 5% од претходната тежина.

Во просек овие жени согорувале 1835 калории со 275-минутно вежбање, односно 55 минути секој ден. Ова испитување покажало дека времето кое се троши за физичка активност, е решавачко за постигнување и одржување совршена телесна тежина.

(Т.Ј)




Наjновo од Стил
Убавината и екстрeмната козметика
Етерични масла против стрес!
Lamborghini Estoque
Излечете ги испуканите усни
Претставен Audi A1 Sportback
Златна статуа на Кејт Мос од 50 кg. видео
Пет фази на закрепнување после раскинување
До совршен изглед во долна облека
Парфем против стареење? Да, и тоа постои!
Наоми Кембел ја менува верата
Бев во врска со К. Роналдо исклучиво поради секс
Стереењето е болест и може да се излечи!
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи