недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

На каков хумор „паѓаат“ жените

Ироничниот хумор и шегите на сопствена сметка се исто толку важни при освојувањето на женското срце колку што се важни изгледот и шармот.

Научниците откриле дека техниката на заведување која ја употребува Хју Грант во своите филмови, е подеднакво ефикасна и надвор од филмското платно.

Правењето будала од себе може повеќе да „запали“ отколку досетливите шеги кои може да се сфатат како перчење, нешто на што жените дефинитивно не се палат, заклучил антропологот  Грингрос, кој две години ја испитувал улогата на хуморот во процесот на заведување.

Грингрос открил дека најмногу „пали“ хуморот што Хју Грант го користи во „Notting Hill“, односно сцената каде се обидува да ја импресионира Џулија Робертс со својот празен фрижидер.

„Повеќе студии укажуваат дека хуморот може да биде сексуално привлечен, особено за жените. Откривме дека шегите на своја сметка се најатрактивни, особено што другите шеги може да бидат лошо прифатени“, вели Грингрос.

Истражувањето покажало дека хуморот што Хју Грант го користи во  „Четири венчавки и еден погреб“ за да ја шармира американката Енди Мекдауел е исто така плодоносен, посебно говорот на кумот.

„Ова ми е вторo кумство. Се надевам дека и првиот пат бев добар. Споменатиот пар се уште разговара со мене, но за жал не разговараат меѓу себе. Но, тоа веројатно нема никаква врска со мене. Пола знаеше дека Пирс спиеше со нејзината сестра, уште пред мене да ми излета во говорот. Шок беше кога дозна дека спиел и со нејзината мајка, но веројатно тоа е последица на кошмарот и насилството за време на дводневниот брак“

Експертите предупредуваат дека шегите на сопствена сметка може да бидат проблематични, ако се обидете да заведете припадничка од понежниот пол која потекнува од друга културна средина, пред се поради можноста за неразбирање.

Сепак во студијата се препорачува оваа техника да не ја користат лицата кои и онака не се многу популарни, односно кои не се многу посакувани, бидејќи наместо да го подобрат впечаток може да испаднат уште попатетични.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Различна нега за различни типови коса
Како се снаоѓаат жените во економската криза
Разводот убива
Нагли промени на типот на кожата
007 е вонвременска икона на стилот
Славните раскинуваат по СМС
Издепилирајте си го пубисот и не гризете
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи