
|
 |
Стил / (Wo) man
Стриптизета за роденденот на Хари
Принцот Чарлс бил толку воодушевен од средбата со Дита фон Тис, што ја поканил познатата бурлеска танчарка да настапи на роденденот на неговиот син, принцот Хари.

Кутриот Чарлс не знаел дека Фон Тис всушност е најпознатата стриптизета во светот.
Чарлс и 35-годишната Дита се запознале минатиот викенд на меѓународниот натпревар во поло Cartier, при што Фон Тис му се претставила на британскиот престолонаследник како „танчарка“.
Маѓепсан од убавината на кралицата на бурлеската, Чарлс ја букирал за 24-роденден на принцот Хари.
Но, 59-годишниот Чарлс поцрвенел целиот кога дознал за природата на нејзините настапи.
„Кутриот Чарлс беше толку засрамен кога сфати што направил. Тој воопшто не знаеше за нејзините непристојни настапи“, вели извор близок до кралското семејство.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|