четврток, 31.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Совети за едноставно пакување

Пакувањето за на одмор може да биде навистина заморно, најмногу за жените кои треба да го спакуваат целото семејство. Трошите премногу време додека да одберете што навистина ви е потребно, и кога ќе стигнете на саканата дестинација, сфаќате дека нешто сте заборавиле.

За да видите што треба да носите на патувањето и како да ги распоредите работите, придржувајте се кон следните совети:

Ако патувате со авион, имајте во предвид дека можеби ќе треба да доплатите доколку куферите ви тежат повеќе од дозволеното. Тежината на рачната торба, зависи од прописите на авио компанијата. Најчесто тоа е од 5-8 килограми која можете да ја сместите во посебните касети кои се наоѓаат во авионот. За да го препознаете својот куфер или во случај на губење, напишете го своето име и презиме за полесно да го најдете.

Основни правила

Треба да земете помалку гардероба отколку што сте планирале и повеќе пари од предвиденото. Од облеката издвојте она што ви е најнеопходно за носење и секако оставете место за работите и сувенирите кои ќе ги купите. Најсигурен начин за носење на документите и парите е во помала торбичка која ја закачувате околу вратот или стомакот и која ја носите под маицата. Не заборавајте да понесете пасош, авионската карта, кредитни картички, осигурување и возачката дозвола.

Рачна торба

На аеродромите има строги мерки на безбедност кои не дозволуваат носење на остри предмети и други недозволени работи како: вода, вино, парфем, било каков нож, жилет, отворач за вино, пинцети, турпии или ножички. Исто така забрането е носење на лак за коса, дезодоранс, средства против инсекти, лесно запаливи материи, како и игли (освен за медицинска употреба) и некои пластични детски играчки во вид на пиштоли.

Останати ситници

Задолжително понесете средство за заштита на кожа и уста; празни пластични кеси кои можат да ви бидат од корист; очила за сонце, шешир или капа; дигитален апарат и резервни батерии; полнач за мобилен телефон; разговорник за учење на основните фрази од локалниот јазик, водич и мапа; прирачник за прва помош, таблети против болки и фластери; тоалетен прибор како четка и паста за заби, четка за коса, прибор за бричење, шампон, дезодоранс, гел за туширање и мини маникир сет.

Доколку е неопходно, спакувајте и средство против инсекти кое се вклучува во струја, мала пегла, фен, адаптер за електрични апарати и книга за читање.

(Т.Ј)




Наjновo од Стил
Совети за едноставно пакување
Чудни автомобили
Кога е најдобро време за секс
Стриптизета за роденденот на Хари
На каков хумор „паѓаат“ жените
Карлични вежби за подобар секс
Како секогаш да бидете во топ форма
Нов тренд во Кина, аеробик на шипка
Не сум руска курва
Дали да излезете со бившите на вашите пријатели?
Развод тежок 13 милиони евра
Внимавајте на однесувањето, бидете пољубезни
Двојките кои се расправаат живеат подолго
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи