четврток, 09.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Стил / (Wo) man

Кели Нокс, модел со пола рака

Кели Нокс, која има пола лева рака , победи на натпреварот за Top disabled model на BBC3, каде како награда доби фотосесија за насловна страна на списание.

Кели се пријавила на овој натпревар кога ја видела рекламата на Facebook, каде се барале девојки со некаков недостаток, кои можат да бидат модели. Испратила фотографии и ја повикале на разговор во Лондон. Таму моделите добиле различни задачи меѓу кои снимања, позирања вклучувајќи ги и оние за голи фотографии.

Таа вели дека била премногу возбудена и дека за неа ова е едно прекрасно искуство, бидејќи првпат во животот има можност да работи со светски познати фотографи и професионален тим.

"Во ниеден момент не погледнав во мојата рака, цел живот навикнав да бидам таква и воопшто не се чувствувам како неспособна," вели таа.

Кога се родила, нејзините родители, одлучиле да ја научат да биде свесна за тоа и да не гледа како на недостаток. Таа била одлучна да прави сè што и останатите деца, како што е возење велосипед или пливање.

Вели дека во ниеден момент не се почувствувала различно од останатите. Иако имала вештачка рака, таа не се чувствувала удобно и одлучила да не ја носи, бидејќи одлично ги правела сите активности со една рака.

Кога почнала да оди на училиште, како и сите деца одела на часови по глума и танц, и ништо не ја спречило да се вклопи во средината. Таа не се труди да го сокрие недостатокот, се чувствува слободно кога излегува и не ја интересира доколку луѓето ја гледаат чудно.

(Т.Ј)




Наjновo од Стил
30 лезбејки затруденети со иста сперма
Ford Fiesta Van наскоро на европските пазари
Не е сè како во рекламите на Axe!
Сакам сладолед со мајчино млеко
Тајната на бракот на Дејвид и Викторија Бекам
Toyota Avensis - трета генерација
Зголемете ја желбата за секс
Трка со чамци како замена за избор на Мис
Намaлете ги брчките со хемиски пилинг
Гола за роденденот на Хефнер
Особини на успешен заводник
Убавината и екстрeмната козметика
Етерични масла против стрес!
Излечете ги испуканите усни
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи