Стил / (Wo) man
Органска козметика
Во време кога доминираат козметичките компании, кои постојано се натпреваруваат меѓу себе за тоа која побрзо ќе воведе производи на природна база во нивните линии на козметика и шминки, сега има нов тренд на органска шминка и козметика.
 Овие производи за убавина, како и органските продукти, како што се храната и млечните производи, направени се на природна база и не содржат синтетички материи. Тие не ја загадуваат средината бидејќи содржат природни состојки кои се здрави за човекот.
 Компанијата Dr. Hauschka, еден од најголемите производители на козметика, е прва која ја воведе органската козметика на пазарот. Производите за убавина и шминката, се направени од 100% органски материи. Некои од органските состојки кои најчесто се користат во оваа нова козметика, се внимателно одгледани растенија со јака боја како некој вид овошје и зеленчук, на пример јагоди и други овошја со природна боја.

Останатите состојки кои се користат при производството, се за емулзија при што се додаваат природни и органски масла, восоци, екстракти од цвеќиња, минерали, глина и други врзувачки материи, кои се многу подобри отколку вештачки произведените состојки.
Многу од досега пласираната козметика на пазарот, поради различниот хемиски состав, предизвикувала некаков вид на алергија или иритација на кожата на оние кои ги користеле. Со замена на овие фабрички произведени состојки со здрави, органско произведени, може да се делува на подобрување на состојбата на кожата, бидејќи таа подобро реагира на природниот состав на козметичките препарати.
Со оваа козметика која претставува иднината во светот на убавината, се создаде квалитетен избор на козметички средства кои не се штетни за човекот и околината, со што за одреден период сосема ќе ги замени досегашните синтетички произведени козметички производи.
(Т.Ј)
|