четврток, 09.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Стил / (Wo) man

Младите мажите не се опседнати со сексот

На младите слободни мажи им е прекуглава да ги сметаат за незрели, нечувствителни и опседнати со секс. Последното истражување покажало дека повеќето од нив веруваат во постоење на сродна душа, не им е страв да се врзат и да заплачат.

Истражувањето во кое учествувале 70.000 мажи на возраст од околу 28 години ги отфрли повеќето стереотипи поврзани со мажите, и покажа дека модерниот маж се води од вредностите како што е верност и семејство.

Анкетата, спроведена од интернет сајтот за мажи AskMen.com, покажала дека 77 отсто од мажите бараат девојки кои би можеле да им станат сопруги. Исто така 75 отсто од претставниците на посилниот пол веруваат дека ја пронашле својата сродна душа, а пак 69 отсто од учесниците во анкетата тврделе дека никогаш не ја изневериле својата партнерка.

„Истражувањето ќе ги изненади жените, особено што голем дел од нив имаат сосема поинаква претстава за тоа што просечниот маж мисли и чувствува. Неточна е идејата дека младите мажи сакаат да се слободни и постојано да ги менуваат девојките“, вели Џејмс Басил, главниот уредник на AskMen.com.

Онлајн истражувањето, кое траело цели пет недели, покажува дека шест од 10 мажи се револтирани од тоа како се претставени во рекламите.

Басил вели дека сликата за мажот која се претставува на телевизиите и рекламите не е сменета со децении, за разлика од сликата за жените во медиумите која постојано се менува, како во домот, така и на работното место.

„Во телевизиските комедии и реклами, младите мажи се претставуваат како незрели ликови кои постојано се обидуваат од своите девојки или жени да го скријат своето лошо однесување. Но реалноста не е таква“, вели Басил.

Истражувањето покажало дека 56 отсто од мажите сметаат ако се добри татковци и сопрузи се „помажествени“. Со анкетата исто така е откриено дека 75 отсто од мажите заплакале поради жена, додека 57 отсто од посилниот пол готви и ужива во тоа.

„Ова покажува дека традиционалните вредности се будат кај мажите, кои се повеќе се спротивставуваат на тоа што го пласираат медиумите“, вели Басил.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
30 лезбејки затруденети со иста сперма
Ford Fiesta Van наскоро на европските пазари
Не е сè како во рекламите на Axe!
Сакам сладолед со мајчино млеко
Тајната на бракот на Дејвид и Викторија Бекам
Toyota Avensis - трета генерација
Зголемете ја желбата за секс
Трка со чамци како замена за избор на Мис
Намaлете ги брчките со хемиски пилинг
Гола за роденденот на Хефнер
Особини на успешен заводник
Убавината и екстрeмната козметика
Етерични масла против стрес!
Излечете ги испуканите усни
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи