
|
 |
Стил / (Wo) man
Бринетите посреќни и поуспешни од „плавушите“
Мажите повеќе ги сакаат русокосите жени, наводно „плавушите“ повеќе се забавувале.
Но, русокосите се помалку успешни од бринетите на професионално и на љубовно поле, покажало најновото истражување.
Студијата на компанијата „Schwarzkopf & Henkel“, во која учествувале 3.000 жени покажала дека бринетите годишно заработуваат по 5.400 евра повеќе од русокосите.
 Четириесет и четири отсто од оние кои ја бојадисуваат својата коса во кафена велат дека бојата има голем удел во нивниот успех кај спротивниот пол. Истражувањето покажало дека бринетите се за 10 отсто подобро проценети од русокосите.
Дваесет отсто од бринетите велат дека имале пет или повеќе љубовни врски, за разлика од нив, само 13 отсто од „плавушите“ можат да се пофалат со толкав број.
Една до седум жени признале дека промената на нејзината природна боја и помогнала да се чувствува посекси. Оние кои се родени со темна коса се чувствуваат попосакувани откако ќе го сменат својот изглед.
 Исто така, 20 отсто од оние кои си ја бојадисале косата велат дека новата боја ги направила посреќни и им дала повеќе самодоверба.
На прашањето, која е главната причина поради која ја смениле бојата на нивната коса, 40 отсто одговориле дека ја мразеле својата природна боја. Речиси половина од жените не можат да замислат да не си ја бојадисаат косата, додека 15 отсто од нив не се ни сеќаваат која била нивната природна боја на коса.
Според испитувањето, повеќето жени почнуваат да експериментираат со косата на возраст од 20 години и во текот на животот просечно четирипати ја менуваат бојата на својата коса.
Црвената е бојата која жените најчесто прва ја пробуваат, но исто така и боја на која најмалку се задржуваат.
Истражувањето покажало дека црната боја на коса останува најмногу три години, кафената четири, а русата до шест години.
„Секогаш се сметало дека русокосите повеќе се забавуваат, па оттука и подобро им оди и во кариерата и во љубовта. Нашето истражување покажа дека русокосите се уште повеќе се забавуваат, но оти се помалку сериозно сфатени за разлика од жените со потемна коса, кои поради тоа подобро им оди на професионален и на љубовен план. Бринетите побргу напредуваат во кариерата и се посреќни во љубовта. Тоа е добро објаснување зошто Кетрин Зета Џонџ, Кели Брук, Кејт Бекинсел и Ева Лонгорија се толку успешни. Бојата на косата не само што ќе го смени твојот изглед туку ќе придонесе за промена на начинот на кој другите луѓе те перцепираат“, вели Камила Лобо Жуеро, експертот за бои на коса на компанијата „Schwarzkopf & Henkel“. (Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|