Стил / (Wo) man
Патики - папучи

Непредвидливото лето честопати ни создава главоболки кои чевли да ги облечеме. Се чини дека папучи се одличен избор за да се избегне потењето на нозете, но доколку небото се отвори, не ви бегаат мокрите нозе.
Германска компанија за чевли изнајде генијално решение за овој проблем, измисли чевли кои со помош на патент од патики се претвораат во папучи. 
Новите „Nat-2“ трансформирачки чевли, кои што ќе ви ги скратат маките при одлучувањето, имаат супер дизајн кој потсетува на познатите платнени патики на Converse All Stars.
Секогаш кога ќе почувствувате дека нозете ви зовриваат во патките, само треба да го откопчате патентот и добивате интересни папучи.

Можеби сето ова звучи како реклама од некое топ-шоп шоу, но со купувањето на еден пар па патики, кои се достапни во 20 бои и дизајни, добивате два типа на чевли. Кул, зарем не?!
(Д.Т)
|