
|
 |
Стил / (Wo) man
Жените ги губат облините
Веќе е потврдено дека жените со тело во форма на песочен часовник постепено исчезнуваат. Според последното научно истражување, за 50 години просечниот обем на струкот на Британките од 86 сантиметри ќе порасне на 107.
 Студијата која ја спроведе магазинот „Prima“ покажува дека денешните девојки имаат поголем струк од нашите баби и тоа за 18 сантиметри. Ова е уште еден доказ дека женското тело почнува, за жал се повеќе да наликува на машкото.
Bо 50-те години на минатиот век, филмските ѕвезди од типот на Мерлин Монро и Ракел Велч ги освоија фановите со своите тенки струкови, големи гради и заoблени колкови. Денешните ѕвезди Кели Брук и Скарлет Јохансон се олицетворение на познатиот анимиран лик Џесика Роџер.

Модерното време, и модерниот начин на живеење веројатно си го прави своето, па така девојките со тело во облик на јаболко се секојдневие, додека оние со тело на песочен часовник стануваат реткост.
Иако на телевизиските екрани се вртат девојки со совршени тела, во реалноста таквите девојки се поретко се среќаваат. Намалената физичка активност и зголемените порции со храни придонесуваат за зголемување на струкот.
Експертите велат дека жените можат да ја спречат оваа тенденција доколку почнат поздраво да се хранат и се разбира ако почнат да прават барем и најмали и наједноставни вежби кои ќе им помогнат да стигнат со стомакот и струкот за кој отсекогаш сонувале.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|