
|
 |
Стил / (Wo) man
Забранета рекламата на Мендез за „Secret Obsession“
Американска ТВ мрежа ја забрани рекламата за парфемот „Secret Obsession“ на Келвин Клајн во која актерката Ева Мендез полугола се превртува в кревет. Причината за ваквата одлука на телевизиските газди е тоа што рекламата била премногу секси за да се емитува на телевизиските екрани.
Актерката Ева Мендез воопшто не е потресена од ваквата одлука, напротив пресреќна што рекламниот спот е премногу „жежок“ за американскиот телевизиски пазар.
„Тоа е супер. Тоа значи дека рекламата е баш Келвин Клајн, тотално провокативна и помалку контроверзна. Во рекламата ќе ме видете како се превртувам, всушност само тоа го правам. Голем фан сум на рекламите на Келвин Клјан за Obsession. Сакам да се чувствувам супер-женствено“, изјави 33-годишната Мендез.
Креативниот директор на рекламата Фабиен Барон вели дека на САД дефинитивно и треба нов претседател, бидејќи се во државата е во хаос.
„Ова е смешно, земјава станала неверојатно хипокритична. В ред ли е децата на ТВ да гледаат како луѓе меѓусебно се убиваат со пиштоли. Во моментов неопходно е да ја шириме идејата за љубовта. Ева во рекламата е секси, но не и провокативна“, вели Барон.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|