
|
 |
Стил / (Wo) man
Се поголем број Италијанци си ги разменуваат сопругите
Брачните двојки од Тоскана и од Рим можеби двапати ќе помислат пред да прифатат покана од друг пар, бидејќи според најновите статистички податоци, 25 проценти од италијанските парови редовни си ги разменуваат сопругите, пишува италијанскиот весник „Стампа“.
 Весникот наведува дека 500.000 италијански парови официјално си ги разменуваат партнерите во секси клубовите, а илјадници други тоа го правата по паркинзи, плажи, дури и на гробишта.
„Стампа“ е во недоумица дали новата италијанската склоност да ја нарече страст или хоби.
Лондонскиот весник „Индипендант“ наведува дека размената на сопругите може да го разлути католичкото свештенство, но „не треба и да зачудува, кога италијанскиот премиер Силвио Берлускони пред новинари од цел свет, во дворецот Чиги се обиде да му ја даде сопругата Вероника на данскиот премиер Андерс Фог Расмусен“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|