Стил / (Wo) man
Направете тело во форма на буквата V
Жените обожаваат мажи кои имаат тело во облик на латиничната буква V. Сакате ли и вие да изгледате така? Еве неколку совети од машката „библија“ Men's Health.
 „Вертикалните склекови од страна на страна посебно ги зајакнуваат рамената и градите, а притоа ги тераат вашите стомачни мускули дополнително да го стабилизираат телото за време на движењата“, вели Робер Дос Ремедиос, кондиционен тренер и автор на книгата „Men`s Health Power Training“.
Зголемувајќи го оптоварувањето за секое рамо поединечно, помагате при елиминација на мускулниот дизбаланс. Доколку чувствувате болка додека ја правите вежбата, тогаш таа не е за вас.

Како се прави вежбата? Клекнете крај клупата, стапалата ставете ги на неа, а рацете ставете ги на земја, во ширина на вашите рамена. Подигнете ги колковите, така што нозете и трупот ќе формираат речиси прав агол. Тоа е почетната позиција. Свиткајте ги лактите, спуштете се и благо ротирајте ја главата кон десното раме. Потоа исправете се и повторете ги движењата, но сега кон левата страна. Започнете со 3 до 5 повторувања за секоја страна.
„Треба да се чувствувате како да сте свртени наопаку“, вели Дос Ремедиос.
Подигнете ги колковите високо така што трупот ќе ви биде речиси исправен. Почнете со стапалата на земја или на мала скала. Кога ќе успеете да направите по 8 повторувања за секоја страна, зголемете го оптоварувањето, така што наместо клупа ќе користите топка за пилатес.
(Д.Т)
|