четврток, 09.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Стил / (Wo) man

Мажите стареат посреќно од жените

Мажите повеќе се придржуваат на познатата изрека "Don't worry be happy",кога стареат отколку жените. Тоа е заклучок на британска студија, која откри дека како што стареат, жените стануваат потажни, додека нивните сопрузи за разлика од нив, почнуваат да уживаат.

Анке Плагнол, истражувач од Кембриџ, вели дека различните животни и семејни ситуации, можат да делуваат на лошата емотивна состојба и да предизвикаат депресијата кај постарите жени. Во периодот од 20-30-тата година, жените се посреќни од мажите на иста возраст, можеби затоа што во тие години стануваат самостојни, формираат семејство и започнуваат свој живот.

Според психоаналитичарот, Ненси Ирвин, жените можеби се понезадоволни, бидејќи како што стареат го губат својот изглед од младите години. Таа вели:" Жените се посреќни во помладите години,   тие тогаш се во потрага по мажи и тоа ги поттикнува да изгледаат убаво. Мажите се под притисок да изградат кариера и да обезбедат средства за семејството, и  ова е стресен период за нив. Во понатамошните години, од 40-50-тата, изгледот на жената започнува да се менува, децата растат, и тогаш кај нив може да се појави депресија, бидејќи веќе не се чувствуваат корисно и полека се губи мотивот за живот."

Во студијата на Плагнол, младите мажи се помалку задоволни со нивната финансиска ситуација, не затоа што не заработуваат доволно, туку затоа што секогаш сакаат повеќе од она што го имаат. Затоа мажите во нивните 20-ти, е помалку веројатно да се оженат, отколку жените на оваа возраст.

Меѓутоа без оглед на сè, жените се поспособни побрзо да излезат од депресијата отколку мажите. Во повозрасните години, веќе нема потреба да се грижат за децата и комплетно можат да се посветат на себе и на своите интереси.

(T.J)




Наjновo од Стил
30 лезбејки затруденети со иста сперма
Ford Fiesta Van наскоро на европските пазари
Не е сè како во рекламите на Axe!
Сакам сладолед со мајчино млеко
Тајната на бракот на Дејвид и Викторија Бекам
Toyota Avensis - трета генерација
Зголемете ја желбата за секс
Трка со чамци како замена за избор на Мис
Намaлете ги брчките со хемиски пилинг
Гола за роденденот на Хефнер
Особини на успешен заводник
Убавината и екстрeмната козметика
Етерични масла против стрес!
Излечете ги испуканите усни
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи