четврток, 07.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Во што на плажа?

Шорц, боксерки, класични гаќи за капење... што да изберете? Можеби секој ден различно?

Прво погледнете се в огледало. Ако имате кратки нозе или пак сте пониски од 180 сантиметри, шорцот тогаш не е за вас, особено оној сурферски до колена. Изберете класични гаќи за капење, можеби малку поплитки.

Тоа не значи на плажа да се шетате во таканаречените „тарзанки“, кои сигурно ќе ви ја издолжат фигурата, бидејќи така околината ќе ви се потсмева.

Доколку имате атлетска градба, тогаш не мора многу да се мислите. Шорцот е идеален за кулирање во блискиот бар, но не и за посериозното пливање, скокање и одбојка на песок... Особено се непрактични шорцевите со џебови, во кои не се собира ништо, освен песок, вода и камчиња.

Обратете внимание на материјалот, бидејќи особено е важно гаќите за капење да се сушат брзо. Додека купувате, задолжително погледнете го составот и не жалите ги парите – најдобра комбинација е микрофибер со малку еластин.

И дезенот е особено важен, иако повеќето мажи не обрнуваат внимание на тоа. Ако сте млади можете да се шетате дури и со дречливи цветови и пеперутки, но средовечните мажи не смеат тоа да си го дозволат, без разлика на тоа дали сакаат да го свртат вниманието на згодните млади девојки.

Класичните црни или тегет гаќи за капење се најсоодветни за постарите господа, но и краткиот црвен и светло син шорц е О.К.

Ако сакате да ве забележат, постигнете го тоа со други детали. Очилата за сонце, на пример, се одличен показател за личниот стил и имотната состојба. Gucci, Armani, Ray-Ban… на тие очила убаво „пишува“: квалитетно и скапо.

Исто така, ако успешно го сложите, а повеќето продавачи ќе знаат како да ви помогнат во тоа, гаќите за капење со пешкирот и папучите, успехот кај припадничките на понежниот пол е загарантиран.

Не мора да бидат во иста боја, уште повеќе е смешно доколку  шорцот и пешкирот се со идентичен дезен. Важно е стилски да си одговараат.

И на крај, кога сонцето ќе зајде, не бидете мрзливи и исперете го тоа во што сте биле на плажа.

Пешкирите добро протресете ги и раширете ги така што ќе можат рамномерно да се исушат. Шорцот или гаќите за капење исперете ги во ладна вода со малку течен сапун.

За таа „акција“ ви се потребни само неколку минути, а ефектот е голем – утре е нов ден, плажа, сонце, убавиците чекаат на вас.


Наjновo од Стил
Во што на плажа?
Најмало комбе на светот
Мажите стареат посреќно од жените
Загина дизајнерот на „Ферари“ во сообраќајна несреќа
Сексуално агресивни жени
Официјални податоци за Golf 6
Направете тело во форма на буквата V
Не ја планирајте иднината
Се поголем број Италијанци си ги разменуваат сопругите
Шминката ве убива?!
Забранета рекламата на Мендез за „Secret Obsession“ видео
Листа на најдобро облечени во светот
Жените ги губат облините
Патики - папучи
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи