
|
 |
Стил / (Wo) man
„L’Oreal“ ja избели Бијонсе
Козметичкиот Гигант „L’Oreal“ се најде на ударот на јавноста по обвинувањата дека ја избелил кожата на црномурестата пејачка Бијонсе Ноулс за потребите на новата рекламна кампања.

Пејачката на фотографиите едвај може да се препознае поради бизарно светлата кожа и црвеникаво – русата коса.
Американската јавност се разгневи кога фотографијата од пејачката се појави во женското списание „Elle“.
Весникот „The New York Post“ го обвини „L’Oreal“ дека направил 26-годишната Бијонсе да изгледа чудно, речиси како бела верзија на самата себе си.
Најпродаваниот британски весник за Афробританци „The Voice“ исто така се огласи, пишувајќи дека избелувањето на сликата е „одвратно“.
„Постои мислење во модната индустрија дека црните модели не можат добро да го продадат производот. Моделите кои успеваат да се пробијат на страниците на магазините имаат многу, многу светол тен или пак се Азијки. Се чини дека Бијонсе била жртва на таквиот став. Доколку навистина е така, не знам зошто некој би се сложил на такво нешто. Тоа е навредливо за Бијонсе“, оцени Стиви Поуп, уредник на „The Voice“.
Од „L’Oreal“ ги отфрлија обвинувањата на британските и американските медиуми.
„Неточни се тврдењата дека L’Oreal Paris го изменил или пак го осветлил тенот на Ноулс за потребите на рекламната кампања за бојата за коса „Feria“, изјави портпаролот на компанијата.
Истовремено, претставниците за печат на познатата пејачка се придружија кон изјавата на „L’Oreal“ отфрлајќи ги тврдењата на избелување на тенот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|