
|
 |
Стил / (Wo) man
Роналдо купи автомобил вреден 340 илјади фунти
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо (23) го прослави своето останување во клубот по можниот трансфер во шпански Реал купувајќи нов автомобил вреден 340 илјади фунти.
Станува збор за Ролс Ројс „фантом“, но иако се работи за еден од најлуксузните автомобили на светот, сепак, тој чини помалку од месечната плата на фудбалерот.
- Роналдо навистина е „вљубен“ во автомобилите, а неговото ново возило ќе биде многу луксузно опремено, вели пријател на фудбалерот.
 Ролс Ројсот на Роналдо ќе се придружи во неговата скапоцена колекција луксузни автомобили во кои досега се наоѓаат Астон Мартин, БМВ серија 6 и Ферарито со кое неодамна е виден како се вози низ родната Португалија.
Тој новиот автомобил го нарачал преку фирмата која тргува со луксузни возила „Liquid 45“ со напомена дека сака да биде максимално опремен. Освен Португалецот, „фантом“ вози и британската телевизиска ѕвезда Симон Ковел, како и фудбалерот Дејвид Бекам.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|