
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Зачувајте го исончаниот тен
Се ближи крајот на годишните одмори, но тоа не мора да важи и за вашиот исончан тен.
 Еве неколку совети како да го задржите чоколадниот тен. Тајната на долготрајниот исончан тен , верувале или не, е во хидратацијата на кожата. Сувата кожа почнува да се лупи и првута, а тоа придонесува бојата побргу да исчезне. Ако веќе се првутате, не го избегнувајте пилингот. Тој ќе ја изедначи бојата на лицето и телото и ќе овозможи кожата подобро да ги впие состојките од препаратите за нега.
Значи, влажноста е на прво место. Затоа е особено важно да го изберете соодветното средство за бањање, кое не содржи агресивни состојки. На исончаната кожа најмногу и одговараат благите купки кои нежно чистат, а истовремено ја хидрираат кожата.
После туширањето задолжително нанесете некој лосион за хидратација (млеко) или препарат за после сончање. Препаратите за после сончање се направени така да ја зголемат влажноста на површинскиот слој на кожата. Се разбира, тука е и старото добро маслиново масло. Мал трик, доколку ви смета интензивниот мирис, додајте неколку капки етерично масло, а можете да направите комбинација од неколку различни масла и да уживате во ароматерапија.
 Познато е дека кожата, особено на лицето, побргу старее при изложување на сонце. Затоа е особено важно на лицето да му обезбедите дополнителна нега и да го освежите после сонцето и солта. Се препорачува, барем еден месец по враќањето од годишниот одмор двапати неделно да користите хидратантни маски. Исто така краткиот третман со ампули дополнително ќе ја нахрани кожата и ќе и ја врати изгубената маснотија. Маската и содржините од ампулите, освен на лицето треба да ги нанесете и на вратот и деколтето. Со ова ќе го вратите сјајот и еластичноста на кожата.
И покрај сите напори, после одредено време бојата сепак ќе почне да избледува и, пред да се упатите во најблискиот солариум ( што искрено и не го препорачуваме), размислете за алтернативите. Имено, денеска на пазарот може да се најдат бројни препарати со ефект на постепено потемнување. Иако препаратите се особено благи, а бојата на кожата секој ден минимално се менува, внимавајте рамномерно да нанесете по целото тело.
 Ако се одлучите за препаратите за брзо самопотемнување, не заборавајте на нивната активна состојка дихидроксиацетон, кој реагира со изумрените клетки на кожата и ја менува нивната боја во кафена. Поради тоа се препорачува пред нанесувањето на препаратот, добро да ја измиете кожата со гел за туширање и да направите пилинг со кој ќе ги отстраните наталожениот висок на изумрени клетки. Така сигурно рамномерно ќе „поцрнете“. За да не добиете потемни „печати“, пробајте да го разблажите со млеко за тело, тако ќе добиете рамномерна нијанса.
 Секако, ако немате време или услови да употребите некои од овие препарати, можете да прибегнете кон еден друг трик. Измешајте пудра во прав (или истружете малку камена пудра) со млеко за тело и смесата нанесете ја после туширање.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|