сабота, 16.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Седум пати невеста, само да е во венчаница

Мажите сакаат да ја видат во долна облека или костим за капење, на изборите на убавина во светот носи свечени тоалети, низ Скопје шета во жешки пантолончиња, а манекенката и екс мис на фотогеничност на Македонија Сузана Ал-Салкини (24) се замислува само во венчаници.

-Горда сум на своите бујни облини и пропорции 93-62-93 кои ми ги дала мајка природа, ама јас сонувам да бидам невеста, облечена во раскошна венчаница. Би се мажела и седум пати, само да носам венчаници. По можност бели, од сатен и тул чие здолниште се влечка далеку зад мене, украсени со кристали или подобро, со скапоцени камења, надополнети со бели салонки на високи потпетици. Такви раскошни тоалети денес препознавам само во креациите на либанскиот дизајнер со холивудска слава Ели Сааб. Кога ќе се мажам би сакала да носам невестински фустан на Сааб. Како и секое девојче сонував да бидам невеста, ама кај мене тој сон уште трае, вели Ал Салкини.

Засега е соло во приватниот живот, нема момче, вели зашто според нејзините критериуми се уште младожецот не го сретнала во Македонија. Додека чека да стане невеста, вели со задоволство позира во венчаниците на дизајнери и бутици од Македонија, а невестинска фотосесија има снимено и во Италија.

Приватниот живот на Салкини е уште табу тема за медиумите. Имаше неуспешна ситуација да ја поврзат со поп-пејачот Ламбе Алабакоски, ама и двајцата демантираа дека се во врска туку само дека се другари. Познатата манекенка која досега учествувала на 19 избори на убавина ширум светот повеќе внимание предизвикува со своите облини и со пластичните операции. Не криеше дека во Сирија, родната земја на татко и, правеше пластична операција на носот и тоа успешна и стави порцелански заби.

- Многу време посветувам не негата на лицето и на телото, пред се зашто сум жена и зашто од убавината заработувам. Прво сакам да се допаднам себеси а потоа и на околината. Заради мојот стил на живеење ја прифатив и понудата да станам заштитно лице на центарот за убавина "Неуромедика" во Скопје и во секое време сега сум во форма. Внимавам на јадењето иако не сум вита според светските стандарди, туку според моите и балканските. Ретко кој знае ама јас сум одлична готвачка која знае да меси и пити, ама тоа ретко го правам зашто сум постојано на пат. Јас сум немирен дух, како Номадите, не можам подолго да седам на едно место. Фала му на Бога што заради изборите за убавина го пропатував целиот свет, запознав многу култури, кујни, обичаи и стекнав многу пријатели, вели Ал Салкини.


Наjновo од Стил
Како да го уништите сексуалниот живот?!
Volvo го оживува VCC концептот
Седум пати невеста, само да е во венчаница
Со контрацепција до погрешниот маж
Се повеќе следбеници на сатанистичките движења во Србија
Arden Jaguar AJ21 XF
Ќе победам во „Олимписки секс“
Убиецот на Ленон останува во затвор
Нереалната убавина на L’Oreal
Маленко по трет пат татко
Борис Бекер ќе се жени
Лек за раст на трепките
Мажите не сакаат слаби девојки
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи