
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Научете го говорот на телото
Невербалните сигнали не се само начин на кој можеме да „прочитаме“ некого, туку и знак за распознавање на убавото воспитување и расположение. Научете го јазикот на телото и така контролирајте некои од своите движења.
 За време на интервјуто за работа, за време на испитот, за време на јавните настапи, па дури и во обичната секојдневната ситуација, нашето тело „испраќа“ невербални сигнали. Нема потреба од детално објаснување дека зборовите се непотребни за двојца вљубени да се разберат. Еве неколку совети како да ја протолкувате невербалната комуникација, но и за да ги контролирате некои од своите движења.
Одлучниот и силен е карактеристичен за лицата кои се полни со самодоверба или за лицата кои се бесни (не е тешко да се разликува дали некој е бесен или горд).
 Скрстените раце на соговорникот се знак за одбранбен став или некој вид на затвореност.
· Интензивното пипкање или чешање на носот ги разоткрива лажливците, а превртувањето со очи е знам за здодевност.
· Минувањето со прсти низ косата е знак за искреност и заинтересираност, а опуштените и раширени дланки за отвореност за натамошна комуникација.
· Грицкањето нокти, не само што претставува лоша навика, тука и знак за нервоза и несигурност.
 Во Англија направено е истражување на парови кои штотуку се почнале да се забавуваат, кое докажало дека само неколку движења и знаци се доволни за да се открие дали нивната врска има иднина или не. Така на пример, така мажите кои се свртени кон жената се заинтересирани. Жените кои со прстите минуваат низ косата или пак суптилно ја вртат чашата в рака, даваат знак за одобрување и заинтересираност.
Говорот на телото не е само начин на кој може да ја прочитате некоја личност, туку и одраз на доброто воспитување. Убавото држење, јасниот говор и насмевката на лицето можат уште на „прва топка“ да кажат многу за вас и за вашиот соговорник.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|