
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Високите потпетици се подобри и од секс
Актерката Сара Џесика Паркер вели дека попрво би се одбрала чевли отколку маж, бидејќи на чевлите можеш повеќе да им веруваш.
 „Повеќе можам да се потпрам Маноло чевлите отколку на мажите“, изјави 43-годишната ѕвезда на „Sex And The City“, додавајќи дека високите потпетици се подобри и од сексот. Паркер вели дека нема проблем со високите потпетици и дека во нив се чувствува исто како да е на рамна површина. „Можам маратон да трчам со високи потпетици, и следниот ден да истрчам уште еден“, вели Сара Џесика Паркер.
Но, Паркер не е единствениот зависник од чевли. Нејзината колешка Ким Катрал, позната по улогата на Саманта Џонс исто така има слабост кон убавите чевли.
 „Порано чевлите ги поставував насекаде низ станот, како да се некој вид на уметничко дело“, вели Катрал.
Педесет и едногодишната актерка открива дека околу 40 метри квадратни од нејзиниот дом во Њујорк се одвоени за нејзината колекција на чевли.
„Тоа е моето светлиште“, вели Катрал.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|