
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Разводот е потежок за мажите?!
Разведените мажи и жени имаат речиси исти изгледи да паднат во депресија после разводот, но сепак постои разлика. Новите истражувања укажуваат дека мажите потешко го поднесуваат разводот.
 Колку потешко? Разведените мажи имаа шест пати поголеми изгледи за депресија отколку мажите кои останале в брак.
Ни на жените не им е лесно: три и пол пати поверојатно е да паднат во депресија оние кои се развеле, за разлика од оние кои се уште се мажени.
Одвојување од децата
Се чини дека главен генератор на депресијата не е самиот развод, туку сето она што доаѓа со него: губењето на финансиската потпора од брачниот партнер, недостигот на поддршка од околината, губењето на родителските права, односно старателството над децата.
 Губењето на старателството над децата е најстресниот фактор за мажит. Дури 34 отсто од мажите тешко го поднеле физичкото разделување од децата, која според одлука на судот и припаднале на мајката. Мал е бројот на случаите каде мајката не го добива старателството.
Зошто пријателите се важни?
Иако од една страна е познато дека жените почесто се депресивни, истражувањето покажува дека мажите ретко и во помала мера наидуваат на поддршка од средината после разводот, а таа им е неопходна.
„Можеби причина за тоа е што за време на бракот мажите поддршката и утехата ја бараат од сопругата. После разводот, ја губат сета поддршка. Жените се склони во текот на целиот живот да создаваат блиски пријателства, имаат тенденција да им се доверуваат на други жени. На тој начин создаваат своевидна „група за психолошка помош“, вели Мишел Ротеман, авторка на студијата.
 Разводот честопати значи и губење на дел од пријателите. Престанува дружбата со поширокото семејство на брачниот партнер, но и со дел од заедничките пријатели кои честопати се наоѓаат во ситуација да бираат со кој од бившите сопружници ќе продолжат да се дружат.
Времето помага и ги лечи раните
Жените од друга страна повеќе го чувствуваат намалувањето на приходите (43 отсто од жените во споредба со 15 отсто од мажите). Третина од мажите по разводот дури чувствуваат зголемување на приходите (односно им останува поголем дел од платата). Само една десетина од жените после разводот чувствуваат растоварување на личниот буџет.
За сите оние кои ќе се најдат во оваа несреќна ситуација постои утеха: времето лечи се, па дури и вакви рани. Само четвртина од оние кои во првите две години од разводот изјавиле дека минуваат низ тежок и депресивен период останале во истата состојба и четири години после распаѓањето на брачната заедница.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|