недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Deutsche Welle
Стил / (Wo) man

125 години од раѓањето на Коко Шанел

Во приватниот живот среќата не и беше наклонета, но нежната дама со црни очи остави богато наследство: Коко Шанел на дамите им ја подари елеганцијата и Шанел 5. Вчета се навршија 125 години од нејзиното раѓање.

Животот на Мадмозел почна со грешки. Матичарот во францускиот Саумур пред 125 години во изводот на родени на Гебриеле Коко Шанел го запиша името Шаснел. Но истовремено превиде и дека девојчето родено на 19 август 1883 година е вонбрачно дете и во графата татко беше внесен трговецот Алберт Шанел, за кого мајка и се омажи дури една година подоцна.

Габриеле Коко Шанел, која целиот живот бараше да и се обраќаат со мадмозел, околу своето потекло постојано ткаеше легенда. Кога имаше 11 години, почина мајка и, а татко и ја однесе во сиропиталиште водено од калуѓерки и исчезна од нејзиниот живот. Но таа, понижувањата од младоста мината во дом за сираци не сакаше да ги прифати и ја прераскажуваше својата животна приказна по нејзин вкус.

Препознатливиот Шанел костум

Коко тврдеше дека татко и заминал во Америка, а таа израснала кај две строги тетки. Сепак се чини дека од скромниот животот во домот Габриеле со себе понесе нешто што подоцна му даде белег на нејзиното творештво како моден креатор: наклонетоста кон едноставни линии на облеката,

Сета класична облека што Шанел ја лансираше почнувајќи од панталони за жените па се до Твин -сетот како фина гардероба за дами, ја поседуваат таа наклонетост кон едноставните форми. Со нејзините креации, надополнети со долгите бисерни синџири таа го претвораше изгледот на дамите во неодлов. Беше и првата што ги користеше така наречените Џерси материјали, и од нив креираше јакни и здолништа надополнети со необични детали.

„Ме лути, кога морам да слушнам, дека сум имала среќа. Никој не работел повеќе од мене“ ќе рече подоцна Коко за својата кариера. И тоа со право - својот професионален живот и фирмата ги изгради со сопствени раце.

Од денешен агол се чини дека се’ што Шанел допираше со свои раце се претвараше во злато.

Нејзиниот парфем Шанел 5 создаден 1921 година до денес важи за мирис на мирисите. Кога девет години по крајот на Втората светска војна се врати од егзил од Швајцарија со повеќе од 70 години и успеа целосо да го освои светот на модата. Се до нејзината смрт 1971 година енергичната и нежна дама работеше и создаде марка којашто до денеска под генијалното креативно раководство на Карл Лагерфелд важи за синоним на француската елеганција.




Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Различна нега за различни типови коса
Како се снаоѓаат жените во економската криза
Разводот убива
Нагли промени на типот на кожата
007 е вонвременска икона на стилот
Славните раскинуваат по СМС
Издепилирајте си го пубисот и не гризете
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи