Новите млади модни икони
Кејт Мос, Сиена Милер и останатите модни икони постепено заминуваат во историјата. На нивното место доаѓаат ќерките на познатите ѕвезди, кои ги полнат таблоидите со своите луди ноќни забави, пријатели и со врските со младите музичари. Сите се добри пријателки, или барем познанички. Со својот стил и осет за мода ги диктираат новите модни трендови.
Егинес Дејн

Модел кој успеа да воведе целосно поинаков момчешки стил, јаки бои и комбинација на различни материјали. Се најде на рекламите на Blugirl, Cacharel, Giorgio Armani, Paul Smith и Vivienne Westwood. Годинава е заштитено лице на парфемот на Burberry, „The Beat“. Во 2007 се најде на насловната страница на американското издание на Vogue заедно со Даутџн Кроуз, Каролајн Трентини, Ракел Зимерман, Саша Пивоварова, Џесика Стем, Коко Рока, Хилари Рода, Шанел Иман и Лили Доналдсон како дел од групата на нови топмодели. Исто така се најде на насловните станици на повеќе светски магазини. Свршена е со Алберт Хемонд (The Strokes). Оваа година се најде на првото место на најдобро облечени, потиснувајќи ја Кејт Мос на второто место.
Пич и Пикси Гелдоф.

Пичес Ханиблосом Мишел Шарлот Енџел Венеса и Пикси Гелдоф се ќерките на Боб Гелдоф, познатиот хуманитарец кој го организираше Live Aid. Пичес стана позната по своето реално шоу во Британија, а свои колумни објавуваше во престижните „The Daily Telegraph“ и „Elle Girl“. Со само 16 години успеа да се најде на седмото место на Harpers Bazaar листата на најдобро облечени. Позната е по своето ексцентрично однесување, поради што честопати ги полни таблоидите. Нејзината сестра Пикси, е позната под занавите по лондонските ноќни клубови. И таа ни малку не заостанува зад сестра и . Започна кариера на модел и ја споредуваа со Кејт Мос и Еди Седвик.
Дејзи Лоу

Ќерка на Гавин Росдајл (пејачот на групата Буш). Во моментов е во вреска со Марк Ронсон. Со манекенството се занимава од својата втора година, а се најде на насловните страници и во едиторијалите на магазините Tatler, Elle, GQ, Vogue, Marie Claire, Teen Vogue и In Style. Карл Лагерфелд ја одбра за свој модел, па така стана главното лице на ревијата на Chanel. Досега има работено за Topshop во Њујорк, Милано и Лондон, потоа за Burberry и Vivienne Westwood, а се појави и во рекламите за Converse и Dr. Martens.
Алекса Чанг

Позната во Велика Британија по својот стил и врската со Алекс Турнер (Arctic Monkeys). Се најде на насловните страници на магазините „Elle Girl“ и „Cosmo Girl“. Минатата година се најде на листата на најдобро облечени на Vogue.com, а годинава се најде во топ 10 листата на „Tatler“ и „Glamour“. „It girl“' статусот и инспирацијата за облекување ја црпи од филмовите од 60те и 70те. Пријателка е со познатите модели Егинес Дејн, Пич и Пикси Гелдоф.
Џулија Ристојн Ројфелд

Ќерка на главната уредничка на францускиот Voguea, Карин Ројтфелд. Во 2006 година ја избраа за заштитно лице на парфемот на Том Форд (Black Orchid), а се појавува и во годинешната кампања на Gap за есен-зима. Џулија, која пред две години дипломира графички дизајн во Њујорк ја осмисли кампањата за „Rock & Republic“. Повеќе го сака Њујорк бидејќи таму и е дозволено слободно да се облекува, додека кога е во Франција мора да е покласично и поконзервативно.
Зои Кравиц

Ќерка на Лени Кравиц и на Лиза Бонет (Cosby show), чија убавина дефинитивно ја наследила. Се занимава со актерство и има особено развиен осет за мода. Најчесто може да се забележи во рокерска комбинација или во романтични фустани, додека на специјалните настани секогаш се појавува во класични парчиња облека, кои сепак на отскокнуваат, на пример според комбинацијата на такенините или на боите.
|