Биди тигрица, не кловн

Анимал принтот од сезона во сезона се јавува во колекциите на најпознатите дизајнери, што значи дека секогаш некој носи зебра, леопард или тигар како главна модна инспирација. Според прикажаните колекции, Анимал принтот ќе биде „ин" и следната еден, па и следното лето.
Застапени се кај модната куќа „Кристијан Диор“, каде Џон Галијано тигрестите и леопардските шари ги употреби за раскошните фистани и здолништа. Роберто Кавали пак одлучи мажите да ги облече во боксерки со леопардски мотив. Исто така животните беа најчести гости и на „црвените килими“, бидејќи ѕвездите едноставно не можат да им одолеат.

Но, и ѕвездите со стилисти честопати грешат при изборот на облеката и чевлите со животински шари, па така не ретко се предмет на подбивање. Како да ги избегнете грешките? Постојат неколку златни правила.
Прво и основно: „помалку е повеќе", така според облеката со диви африкански зебри треба да се комбинира се останато. Мејкапот, фризурата, чевлите, чантата, се мора да биде во совршена хармонија, и пред се неупадливо.

Треба да се истакне и да се облече парче со анимал принт кога сака да се истакне некој дел од телото. Така девојките со вити и долги нозе треба да носат панталони со таков дезен, додека оние кои имаат мали гради и тесни рамена треба да преферираат парчиња на горна облека со раскошни животински дезени.
Исто така, за различни бои на коса важат различни правила. Црнките и бланшираните ќе изгледаат премногу нападно ако облечат парче облека со ваков принт бидејќи ќе изгледаат „евтино“. Но Црнките може да го поправат овој ефект доколку косата ја соберат. Оние со кратка коса мора да го избегнуваат гелот, при ваква облека. На „плавушите со црн корен“ овие дезени им се забранети. Русата коса со природен изглед и со потстрижени врвови е сосема друга приказна. Таа со добро избраното анимал парче може да изгледа идеално. Црвенокосите и со најмал детаљ со животински дезен изгледаат „диво“, па затоа е потребно да се минимизира сето останато, за да се избегне агресивниот изглед.
Забрането
- Носење на неколку парчиња облека со animal print па дури и да се од истото животно
- Повеќе парчиња со различен животински принт
- Животинскиот дезен во комбинација со сафари облека изгледа како за на маскенбал
- Анимал принт со нешто што свети: позлатен накит, сребро, светкава мониста. Сатенот и свила со упадливи примероци изгледаат добро само на модните писти
Пожелно
- Модните почетници треба да бираат модни детали со животински дезен, како што се чанти, чевли, колани.
- Комбинирајте со мат црна, бело-сива или беж облека. Одлично одговараат со темносин џинс.
- Морате да избегнувате длабоко деколте при горен дел со животински принт
- Шминката не смее да биде пренагласена. Најдобро е да се истакнат или очите или устата, без премногу да се користи сјај.
|