
|
 |
Стил / (Wo) man
Препознајте го неверството
Неверството има многу лица, но сепак има некои заеднички потези. Трите главни показатели се променетата желба за секс и однесувањето меѓу чаршафите, необичните промени на навиките и рутините, притаени знаци на неверство.
 Сменета е желбата за секс. Сексот е важен фактор за секој задоволен партнер. Промените во сексот се може да се манифестираат на два начина, прво тој што изневерува, поради чувство на вина или срам дека може да биде откриен ја зголемува фреквенцијата на сексуалните односи и со партнерката. Но набргу после овој момент, може да се случи да почне да избегнува сексуални односи со својата партнерка. Причина за тоа може да биде вината и стравот на партнерката да не забележи промена во однесување, за време на и после односот.
 Човекот кој изневерува, речиси сигурно во помала или поголема мера ќе ги смени своите навики, рутини. До тоа ќе дојде дири и ако лицето се труди тоа да го спречи, тоа речиси и да не може да не се случи. Промените во навиките можете лесно да ги забележите доколку добро го познавате партнерот, зголемено користење на телефонот и интернетот, без некоја посебна причина. Најчесто кога е безбеден од вас. Тука е криење на телефонот, напуштање на просторијата кога телефонот ѕвони или го прекинува разговорот кога ќе влезете. Троши повеќе пари отколку претходно. Тоа лесно се утврдува доколку имате заедничка сметка.
Третиот показател се ситните работи кои не можете да ги објасните, но сепак знаете дека нешто „смрди“, само не знаете што точно. Тоа може да се нарече, потпирање на шестото чуло. Но со шестото чуло обично постои и проблем. Не е опипливо. Со оглед на тоа дека не можеме да го опипаме, го потиснуваме во потсвеста.
 За некое чудо, ви попушта во расправиите. Избегнува да се расправа за да не биде разоткриен. Одеднаш пројавува невиден интерес за вас, ви посветува повеќе внимание. Разговорите најчесто ќе бидат за вас и што сте правеле вие. Лицето кое изневерува е чкрт на податоци. Избегнува прашања, но затоа многу повеќе обрнува внимание на својот изглед.
Доколку се сомневате дека партнерот ве изневерува, обидете се најпрви навистина на се уверите дали вашите сомнежи имаат основа или пак се лажете. Доколку неоправдана на партнерот му покажете недоверба, можете да направите штета за која ниту сте се надевале. Не е лесно да обвинете некого за прељуба.
 Препознавањето на неверството не е најтешката работа, најтешко е сами да си признаеме дека сме изневерени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|