Сакав да станам калуѓерка

Латино убавицата Ева Мендез откри дека привично сакала да му го посвети својот живот на господ и да стане калуѓерка, наместо актерка.
Главна причина поради која се откажала од нејзиниот сон да стане калуѓерка е тоа што дознала дека за таа работа не се плаќа.

„По се изгледа некаде во мене се уште постои малото католичко девојче. Кога бев многу мала сакав да станам чесна сестра. Всушност желбата ја имав се додека сестра ми не ми кажа дека за тоа не се добива пари, кога го дознав тоа желбата веднаш ми исчезна“, изјави 34-годишната Мендез.
|