
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Интимни фотографии од принцот Вилјам и неговата девојка
Британскиот таблиод „Сан“ тврди дека спречил објавување на интимни фотографии од принцот Вилјам и неговата долгогодишна девојка Кејт Миделтон.
Откако двајца мажи понудиле компромис за сликите од парот, направени на летување на Карибите, уредништвото на таблоидот ја инфорамирало полицијата.
Според „Сан“, двајцата мажи кои се претставиле лажно му понудиле на списанието интимни фотографии од славниот британски пар. Сликите се наоѓале на мемориската картичка на украдената камера, која е сопственост на помалата сестра на Кејт.
Наводно, на картичката се наоѓале повеќе од 40 фотографии кои парот не сакале да излезат во јавност.
После првичниот контакт, двајцата мажи се сретнале со репортери од „Сан“ кои требале да утврдат за што се работи. Откако увиделе дека е манипулација за која им било побарано 50.000 фунти, претставници од таблоидот ги повикале надлежните кои ги уапсиле изнудувачите.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|