петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Стил / (Wo) man

Активен социјален живот, против губење на памтењето

Клучен фактор за спречување и забавување на процесот на губење на памтењето, лежи во активниот социјален живот во постарите години. Според овој податок, социјализацијата меѓу постарите луѓе е многу важна за нивното здравје и расположение.

Направените испитувања покажале дека оние луѓе кои остварувале повеќе контакти, имале пониска стапка на губење на меморијата, за разлика од оние кои живееле осамено.

Се потврдило дека социјалното интегрирање, најмногу влијаело на оние индивидуи кои имале ниско ниво на образование, затоа што најчесто кај нив се појавува поголем степен на губење на памтењето.

Кога се доаѓа до постара возраст, потребна е социјализација која го стимулира мозокот. Научниците препорачуваат сите постари лица, доколку се физички способни, редовно да прават некакви вежби бидејќи на тој начин се активира мозокот кој ги контролира движењата на телото.

Исто така и интеракциите со други луѓе и правењето заеднички активности, е од голема помош за заштита на менталното здравје кај постарите индивидуи. На тој начин тие се насочуваат кон нешто и се чувствуваат корисно, со што се намалува веројатноста за редуцирање на капацитетот на нивната меморија.



Наjновo од Стил
Есенски фризури (прв дел)
„Мадам Бовари“ на насловната страница на Playboy
Грабни ја Кендис и бегај
Први фотографии од Toyota Verso- S
Пет причини за машко-женска кавга
Nike со патики кои се заврзуваат сами
Фантастични станови: Минимализам во Берлин
Полуголата Миранда Кер во 3D фото галерија
Како да го задржите летниот тен?
Четири години затвор за Хилтон - Парис лаже, кокаинот не
Кои моменти остануваат за цел живот?
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи