
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
Како државите од ЕУ се шегуваат на сметка на други држави Некогаш без навреда, некогаш сурово
Многубројните држави од Европската унија сакаат да се забавуваат кажувајќи шеги едни за други. - Вицевите најчесто не се навредливи, но има и многу сурови, како оној во кој Англичаните се „шегуваат“ на сметка на Ирците
Француски планинар кој наводно на Пиринеите сретнал група белгиски алпинисти, се послужил со необичен трик за да ги натера да се насмеат на заедничката фотографија.
„Што пишуваат Белгијанците на дното на базенот? Нема пушење!“, триумфално рекол Французинот и успеал да ја фотографира целата група насмеана.
Оваа вистинска епизода сведочи за тоа дека, без оглед на сите приказни за хармонија, која наводно владее меѓу сите членки на Европската унија, нејзините морбидни нации најдобро се забавуваат раскажувајќи вицеви едни за други.
За Белгијанците, како за оние кои говорат француски така и за оние на кои мајчин јазик им е холандскиот, раскажани се многу вицеви во непосредните соседни држави, бидејќи Французите и Холанѓаните ги сметаат Белгијанците за глупави, наивни, лакоми и склони на алкохол.
Белгијанците не им остануваат должни па раскажуваат вицеви за Холанѓаните како скржави, а за Французите и Германците како исклучително арогантни луѓе.
„Која е разликата меѓу Бог и Французин? Бог не мисли дека е Французин“ - гласи еден од омилените вицови на Белгијанците.
Слична „љубов“ кон соседите владее и меѓу балтичките држави, каде Летонците и Литванците ги сметаат Естонците за многу бавни личности.
„Која е дефиницијата за валцер? Тоа е естонски хип хоп“, се шегуваат Литванците за сметка на Естонците.
Во Англија пак, цел на „напад“ секако се Ирците - нација која Англичаните ја држеа под окупација најмалку илјада години.
„Англичанец, Ирец и Шкотланѓанец притиснати се до ѕид додека војнички вод се подготвува да ги стрела. Англичанецот извикува ‘земјотрес’, па во збрката го прескокнува ѕидот и бега. Шкотланѓанецот извикнува ‘поплава’ и тој успева да побегне, а Ирецот извикува ‘фајр’ (збор кој истовремено значи и пожар и пукајте!)“, се вели во вицот.
Теоретичарите наведуваат дека вицевите се раскажуваат обично за државите кои добро ги познаваме, па така тие често не се навредливи како естонскиот виц за соседните Финци.
„Двајца Финци купуваат шише вотка. Едниот вели ‘да живееме’, а другиот го погледнува прекорно и му вели: Ти дојде овде да зборуваш или да пиеш?“
Некои вицеви се дури отворено непријателски како оние во кои е опишан односот на летонското мнозинство према големото руско малцинство.
„Американец, Русин и Летонец седат во воз. Американецот повлекува еден дим од цигарата и ја фрла низ прозорецот додавајќи: ‘Во мојата земја ги има толку многу па можеме и да ги фрламе’. Русинот се напива голтка вотка и го фрла шишето низ прозорецот повторувајќи ја истата реченица. Летонецот се подразмислил па одеднаш го грабнал Русинот и го фрлил низ прозорецот“, се вели во овој ни малку симпатичен виц.
Наспроти блиската културна и стопанска соработка меѓу Австрија и Германија, како и фактот дека Австријците почнале себеси да се сметаат за држава дури од 1955 година (до тогаш тие биле Германци), австриските вицови за Германците (и обратно) воопшто не се за пофалба.
„Германско момче со своето семејството оди во Виена на Европското Првенство во фудбал и се одлучува да навива за Австрија. Само што ја соопштило таа одлука, од сестрата добива шлаканица, од мајката ќотек, а татко му му удрил бокс по лицето. Извлече ли поука од ова?, го прашува таткото. Да, тато, одговара синот. Бев навивач за Австрија само еден час и веќе ги мразам Германците“, се вели во вицот.
Но, ако од овие шеги стекнавме впечаток дека европскиот хумор е базиран на навреди кон соседите, тогаш да го слушнеме вицот кој вели нешто сосем спротивно. Тоа е виц кој слободно може да се земе како доказ дека поимот „европска интеграција“ не е ниту бесмислен ниту празен:
„Во рајот готвачи се Французите, Англичаните се полицајци, мајстори за механика се Германците, љубовници се Италијанците, а банкари се Швајцарците. Во пеколот пак готвачи се Англичаните, полицајци се Германците, мајстори за механика се Французите, љубовници се Швајцарците, а банкари се Италијанците“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|