петок, 05.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Шпанија рекордер по бројот на пластични операции
Убавина по секоја цена

Во Шпанија годишно се изведуваат околу 400.000 пластични операции во козметички цели. - Околу 40 отсто пластични операции се изведуваат на луѓе помлади од 21 година. - Најчесто се оперира носот, се изведува лифтинг на лицето, липосукција, зголемување на градите и намалување на стомакот


Во Шпанија годишно се изведуваат околу 400.000 пластични операции во козметички цели, повеќе од било која друга европска држава.

Пластичната хирургија не се користи само за подмладување, туку се повеќе ја користат младите за да постигнат идеал на што поубав изглед, кој денес стана императив на модерниот живот.

Пластичната хирургија повеќе не се користи за да се подобри природниот изглед, туку на луѓето да им го промени изгледот, намерно да ги направи извештачени лица.

Неодамна принцезата Летиција (35), сопруга на престолонаследникот, принцот Фелипе, го оперираше својот нос и значително го промени својот изглед. 

Младите девојки просто се побудалени за зголемување на градите и многу од нив не сакаат да изгледаат природно, туку бараат градите да им бидат непропорционално поголеми во однос на телото, наведуваат пластичните хирурзи.

Принцезата Летиција
Истовремено, латиноамериканските и азиските емигранти одат на операција за да ги прилагодат своите црти на лицето според западните стандарди.

- Постојаното бомбардирање на нашите сетила со убави лица преку медиумите е нешто сосем ново во историјата на човечкиот вид, изјави за дневникот „Паис“ медиумскиот експерт Урлих Ренц.

Во минатото, убавината беше нешто несекојдневно, но со напредокот на козметичката техника и потрошувачкиот менталитет, со жесток притисок од медиумите, убавината стана императив, нешто што мора да го имаат и оние на кои природата не им дарила убавина, наведуваат шпанските аналитичари.

Бројот на пластичните операции во Шпанија годишно расте за 10 отсто, а во овој бизнис во текот на една година се вртат околу 800 милиони евра.

Околу 40 отсто пластични операции се изведуваат на луѓе помлади од 21 година. Најчесто се оперира носот, а многу често се врши лифтинг на лицето, липосукција, зголемување на градите и намалување на стомакот.
 Операциите воопшто не се ефтини, но големите компании ги нудат со агресивна реклама и на кредит.

Шпанците практикуваат и „скалперски туризам“ во Мексико, Колумбија, Бразил или Аргентина, каде не постои силна медицинска контрола.

Кралската палата наведе дека принцезата Летиција направила пластична операција затоа што имала проблеми со дишењето, но коментаторите овој потег го поврзаа со нејзиниот изглед.

- Мислев дека таа е жена со самодоверба, но таа не беше задоволна со нејзиниот изглед, смета Хаиме Пењафиел, новинар кој ја следи активноста на кралското семејство.

Една американска студија покажа дека луѓето кои се подложуваат на пластични операции не мора задолжително да имаат комплекс на пониска вредност. 

Меѓутоа, денес убавината се смета за нешто неопходно, неизбежно и вештачко, па многу хирурзи себе се опишуваат како магионичари на човечкото тело. 

Вградувањето на силикони во градите стана „нормален комерцијален производ“, па на вакви операции се одлучуваат дури и 14 годишни девојчиња.

Меѓутоа, проблемот е во тоа што овие девојчиња се препуштени на милост и немилост на пластичарите, што може да биде опасно кога се знае дека некои не ги почитуваат правилата на игра кои им ги наложува нивното еснафско здружение, туку им е важно само да земат пари.

Во денешно време важи правилото: медиумите определуваат кој е убав а кој не е, па сите луѓе - а посебно младите, по секоја цена сакаат да влезат во категоријата на убавите.

(Танјуг - Белград)




Наjновo од Стил
Убавина по секоја цена
За што премолчуваат мажите
Жените се палат на звукот од скапи коли
17 причини за секс
Жизел Бундшен ново заштитно лице на „Макс Фактор“
Некогаш без навреда, некогаш сурово
Жените се подобри лидери од мажите
Надградба на нокти? Само ако мора
Интимни фотографии од принцот Вилјам и неговата девојка
Хеланки, нова мода за метросексуалци
Препознајте го неверството
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи