
|
 |
Стил / (Wo) man
|
|
За што премолчуваат мажите
За жените од секогаш се сметало дека се мистериозни и несфатливи, додека за мажите никој не вели дека се таинствени и конфузни. Затоа на ниеден маж не му е сфатливо зошто жените толку многу сакаат да навлезат во машката психологија.
 Многу често мажите не се изјаснуваат до крај и не зборуваат отворено, што ги наведува жените да мислат дека нешто се крие од нив. Тоа напротив покажува колку всушност мажите се затворени и повлечени како личности, бидејќи не можат толку лесно да се отворат како што го прават тоа жените.
 Исто како нив, и мажите имаат свои желби, стравови и се ранливи за некои работи, но им треба малку повеќе време за да разговараат со својата партнерка отворено во врска со нивните внатрешни мисли.
Нивната затвореност се должи на општите тврдења дека мажот не треба да покажува чувства, и тука се јавува стравот дека можеби ќе бидат доживеани како слаби личности, и дека како такви нема да им се допаднат на жените.
 Иако мажите често се обидуваат да остварат комуникација со жените, најчесто се несфатени бидејќи на жените не им е јасно како мажите се толку едноставни. На пример, доколку не се јават неколку дена после првиот состанок или се плашат да не излезе дека премногу му се допаѓате или не се заинтересирани, значи нема некоја голема филозофија.
 Освен жените, и мажите се испаничени во врска со сексот. Без разлика на тоа колкаво претходно искуство имаат, секоја жена има различна анатомија и ја возбудуваат други нешта. Поради тоа многу често нивното однесување е несоодветно за ситуацијата во која се наоѓаат пред сексуалниот однос.
 Мажите се загрижени за нивниот изглед и за тоа како жените ги прифаќаат, бидејќи се свесни дека жените се поубави и посексипилни, за разлика од нив. Колку да ви изгледа неверојатно и мажите исто така сакаат милување и гушкање.
Иако можеби никогаш нема да ви кажат, сепак ги ценат малите нешта што ги правите за нив, како утринско кафе или некој мал подарок. Затоа девојки фатете се за работа и потрудете се малку подлабоко да допрете во душите на своите партнери и разговарајте за нивните чувства, бидејќи тие го очекуваат тоа од вас.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|