недела, 23.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / (Wo) man

Спиење со дете – уништен брак

Вие и вашиот сопруг не водите љубов неколку месеци, и двајцата сте ненаспани и нервозни, немате волја ни за разговор,  утрото започнува со прекорен поглед...., познато ви е тоа? Не сте единствени кои делите кревет со дете. ,,Како сме се согласиле на такво нешто″, се прашуваат родителите.

Еве неколку  причини:

 - Кога тоа мало човече, плод на вашата љубов ќе влезе во вашиот живот, сакате да бидете со него 24 часа на ден,  вклучувајќи ја  и ноќта. Ги игнорирате и советите од стручно лице кое ве предупредува од опасноста на заедничкото спиење (можност за гушење во сонот), верувате на својот мајчински инстинкт, кој ја држи вашата потсвест, будна.

- Младите мајки најчесто инсистираат на спиење со своето дете, затоа што тоа се буди три до четири пати во ноќта за јадење.

- Вработените мајки пак, се уверени дека спиењето со детето е компензација за времето што не  биле со него.

Во првите месеци вие и вашиот сопруг во целост ги игнорирате потребите за секс, уверени дека ништо не ви недостасува. Кога зборувате за тоа со пријателите, се судирате со неразбирање и предупредувања за последиците, но вие само се смеете на нивните ,,будалаштини″.

Но, кога детето ќе наполни една година, а вие ќе посакате интима, водење љубов и приватност, СВАЌАТЕ ДЕКА ТОА Е НЕВОЗМОЖНО!!!!!!

Тогаш одлучувате детето да има сопствен кревет. Меѓутоа, во тој момент се појавуваат проблемите; не спиете од плачот и врисокот на вашето дете кое сака да легне до вас и толку сте огорчени што на крајот попуштите. Повторно сте во креветот со вашето дете, повторно без интима и вашиот брак страда.

Родители кои го преживееле ова, признаваат дека во целост ја изгубиле желбата еден за друг, интимата и западнала во криза.

За да не ви се случи и вам истото сценарио, реагирајте на време. Одвојувајте го детето во првите денови од животот во негов кревет. Имате право на игра и уживање со него, но  мора да постои ред.

Послушајте ги советите на поискусните и секако на стручните лица. Единствено на тој начин ќе го зачувате вашиот брак, а вашите деца ќе бидат среќни и задоволни.




Наjновo од Стил
Ford го освежи Mustang-от
Бидете во тренд - имајте металик нокти
Lamborghini Gallardo LP560-4 Spyder
Животната приказна на Јуџин Ален
Грците сметаат дека се лоши во кревет
Тинејџерите имаат позаштитен секс од повозрасните
Мажите со лузните се со краток рок
Различна нега за различни типови коса
Како се снаоѓаат жените во економската криза
Разводот убива
Нагли промени на типот на кожата
007 е вонвременска икона на стилот
Славните раскинуваат по СМС
Издепилирајте си го пубисот и не гризете
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Изложба
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи