петок, 10.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Стил / (Wo) man

Со трикови до подобар изглед

Според едно истражување спроведено во шопинг центар во Велика Британија, голем процент од жените користат различни  измами и трикови за да изгледаат попривлечни.

Педесет отсто од жените опфатени во истражувањето користат таканаречени „puss-ap“ градници за да ги истакнат своите гради, а секоја четврта жена носи широки гаќички како оние што ги носеше актерката Рене Зелвегер во филмот „Дневникот на Бриџит Џонс“ бидејќи ги прикриваат облините и даваат впечаток за рамен стомак и привлечен задник.  

И познатите личности ги користат овие трикови. Џенифер Лопез неодамна на еден свој настап откри дека носи „магични гаќички“.

Една третина од жените во Велика Британија користи пригушено светло за да создаде романтична атмосфера и да ги прикрие своите недостатоци. Некои од 1.300 - те испитанички кои учествувале во истражувањето признале дека имаат необични методи за разубавување, како мачкање со вазелин на очните капаци за да изгледаат поживо или користење креми против хемороиди под очите за да се ослободат од подочниците.  

- Да се чувствуваш и да изгледаш секси, денес е еден од приоритетите на Британките, но е изненадување колку жените се подготвени да сторат измами за да изгледаат попривлечно, раскажува една продавачка која често на клиентките им ги нуди популарните „магични гаќички“.

Меѓу најголемите женски срамови се вбројуваат размачкана маскара, недепилирани нозе, размачкан кармин по забите, неизедначен слој на течна пудра и паѓање од високи потпетици.

Според мажите, жените изгледаат најсексапилно кога се облечени во кратки здолништа и блузи со деколтеа. Жените сметаат дека најдобро изгледаат во класични црни фустани  или фармерки.


Наjновo од Стил
Еден век без секс
Заврши дизајнерскиот натпревар на Peugeot
Со трикови до подобар изглед
Изложба посветена на Грејс Кели
Боја за коса и го уништила друштвениот живот
30 лезбејки затруденети со иста сперма
Ford Fiesta Van наскоро на европските пазари
Сакам сладолед со мајчино млеко
Тајната на бракот на Дејвид и Викторија Бекам
Трка со чамци како замена за избор на Мис
Намaлете ги брчките со хемиски пилинг
Гола за роденденот на Хефнер
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи